Во нејзиниот краток животен век таа сменила повеќе имиња.
Крстена е како Норма Џин Бејкер, но во изводот е запишана како Норма Џин Мортенсон.
Откако се омажила за Џејмс Доерти таа го презема презимето на нејзиниот маж. Подоцна доживува слава под името Мерилин Монро и не сметала дека законски треба да го менува името поинаку на хартија дури и кога станувало збор за имоти, пари, ангажмани.
Официјално името Мерилин Монро си го менува името во 1956. Подоцна се мажи за Артур Милер па сега исто го презема презимето на Милер но под името Мерилин Монро.
Во 1953 се сликала на насловната страна на Плејбој што впрочем тој бил првото издание. За магазинот за возрасни таа позирала гола за дури 50 долари.
Мерилин работела во фабрика за муниција.
Првиот чекор кон популарноста го направила кога решила да се фотографира со извесен фотограф Дејвид Коновер во 1944 година.
Мерилин има играно во околу 30 филмови но последниот филм не го завршила бидејќи не се појавувала на снимањата па била отпуштена.
Таа никогаш не го запознала нејзиниот вистински татко.
Деперсијата и самоубиствата во нејзината фамилија биле наследни – нејзиниот вујко и дедо исто така извршиле самоубиство
Никогаш не завршила средно образование
Параноично се плашела од секаква нечистотија
Фустанот што го носела на изведбата на Кенеди бил буквално шиен на неа.
Иако ја сметале за глупава плавуша, во нејзината биографија се наведува дека редовно читала книги од Толстој и Витман а поседувала и своја библиотека од околу 200 книги.
Таа тежела 52 килограми а била висока 165 цм, нејзините пропорции најчесто биле 91-60-86
Се појавила на американска поштенска марка од 1995 година