Прифаќање на условите за користење на kepenci.mk
Со пристапот на интернет страницата www.kepenci.mk ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата www.kepenci.mk. kepenci.mk го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови. Секоја промена или дополнување на Условите за користење се применува од денот на објавувањето.
Право на користење
Посетителите на интернет страницата www.kepenci.mk имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.
Посетителите на интернет страницата www.kepenci.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините, целосно или делумно, и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква и да е друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални цели, без изрична писмена согласност од kepenci.mk.
Секое преземање на содржините на www.kepenci.mk, односно нивно користење, без писмена согласност од страна на „kepenci.mk“, е недозволиво и се наплаќа. Цените за преземање на содржините на „kepenci.mk“ изнесуваат:
19.000,00 денари (+ДДВ) за текст, артикл, статија;
19.000,00 денари (+ДДВ) за видео;
300.000,00 денари (+ДДВ) за видео емитувано на ТВ станица;
9.000,00 денари (+ДДВ) за фотографија.
Со самото објавување/преземање, оној што неовластено ќе ја објави содржината се согласува со овие услови и се согласува, покрај граѓанска одговорност за стореното дејство, да му се изврши наплата на преземената содржина согласно горенаведениот ценовник.
Точност на содржините
Содржината на интернет страницата www.kepenci.mk изработена е во согласност со професионалните новинарски и технички стандарди на независната новинска агенција kepenci.mk и не е одговорна за евентуални директни или индиректни последици од употребата на тие содржини.
Заштита на авторските и сродни права
Интернет-страницата www.kepenci.mk нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright).
Информативните содржини на интернет страницата www.kepenci.mk, меѓу другото, се дел од базата на податоци на kepenci.mk. Таа база од податоци е сопственост на www.kepenci.mk и е во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права и е заштитена како самостојно авторско дело.
Дел од информативните содржини на интернет страницата www.kepenci.mk создаваат информации кои се интелектуална сопственост на деловните партнери на kepenci.mk.
Интернет страницата www.kepenci.mk содржи заштитени жигови, знаци и називи на друштвото, вклучително и жигот и називот Kepenci. Заштитените жигови, знаци и називи на друштвото не смеат да се користат без изричнаa писмена согласност од kepenci.mk.
Заштита на приватноста и тајност на податоците
Интернет страницата www.kepenci.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.
Врски (линкови) до други интернет страници
Некои од линковите на интернет страницата www.kepenci.mk водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. kepenci.mk на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.