ЈКП „Водовод“ – Битола започна организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци.
Од претпријатието информираат дека во првата фаза теренските екипи ќе работат во Долно Оризари, Буковски Ливади и Старата Битолска Чаршија.
Од „Водовод“ ги повикуваат жителите од овие подрачја да обезбедат слободен и безбеден пристап до водомерите и, доколку е потребно, да бидат достапни за проверка и усогласување на корисничките податоци.
Акцијата ќе се спроведува етапно и во останатите делови на Битола, а граѓаните дополнително ќе бидат информирани за продолжувањето на теренските активности.













