Поради дефект на пумпа во пумпната станица „Довлеџик“, поголем дел од ниската зона на град Битола денеска остана без вода. Од ЈКП „Водовод“ информираат дека дефектот е веќе саниран и во тек е монтажа на пумпата.
Се очекува водоснабдувањето целосно да се стабилизира во вечерните часови.
Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и трпението.















