Кепенци
сабота, април 19, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Да заживее планината – тридневен фестивал на отворено на Пелистер

Да заживее планината – тридневен фестивал на отворено на Пелистер

септември 20, 2022
во КАЖИ!
28 0

Активни спортисти, планинари, велосипедисти, рекреативци или обични вљубеници во природата и чистиот воздух од 23 до 25 септември ќе имаат можност да се дружат, натпреваруваат и да ја заживеат планината преку различни тури во различни категории низ добро познатите, култни места на Пелистер.

Основната идеја е да се биде на отворено, да се промовира природата како прибежиште за бегство од метежот на градот на трагачите по здрав живот, авантуристите и спортистите, но и да се афирмираат уникатните убавини на планинатат Баба и неповторливиот Пелистер.

Pelister Ultra-Trail е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот „БОФ “ Битола.

Фестивалот ќе се одржи во месец Септември 2022 година (во период од 23 до 25 Септември) на повеќе локации низ Општина Битола и Националниот парк Пелистер. Во него оваа година ќе бидат опфатени четири планинарски спортски дисциплини коишто ќе се одржат и спроведат во Националниот Парк Пелистер и тоа:

  • планинарење,
  • планински велосипедизам,
  • качувањето по карпи и спортското качување
  • и две меѓународни планински трки коишто се влезени во календарот на ITRA (Интернационалната асоцијација за планинарски трки)

Двете меѓународни планински трки ќе се бодуваат на светската ранг листа за квалификација на светското финале во планинско трчање.

 

ПРОГРАМА

22 Септември (четврток) – Во 10 часот:
Прес-конференција за новинари и новинарски прашања

24 Септември – Отворање на Bitola Outdoor Festival
Во период од 12:00 – 18:00 часот свечено отворање на Bitola Outdoor Festival и подигнување на стартните пакети.

Истовремено, на одредена локација во Битола ќе има брифинг на тркачите и доделување на стартни броеви со фестивалски пакети за секој учесник и секако, последно запознавање со временската прогноза и состојбата на патеките и протоколите за сите учесници во планинарските трки.

25 Септември – Трето издание на Pelister Ultra-Trail планинарски трки
Како главен настан во склоп на фестивалот ќе бидат две меѓународни планинарски трки, во должина од 20км и 46км кои ќе се одвиваат на паркингот кај Инфо центарот, Баба планина и Националниот Парк Пелистер.

Пријавувањето за трките ќе се врши преку успешно пополнување на пријавата за една од трките преку веб страната www.pelisterultratrail.com каде на маил секој од пријавените ќе добие соодветна потврда за неговата пријава, правила и протоколи за учество.

Велосипедска тура

Велосипедска рекреативна тура. Собирно место кај Педагошкиот факултет во 8:30ч; тргнување во 9:30ч кон село Ротино и Ротинско езеро, потоа преку Голема ливада и Националниот парк Пелистер учесниците завршуваат кај Инфо центарот на Пелистер. Патеката е долга околку 20км.

Планинарска тура

Со почеток во 8:00 часот и стартна точка Инфо Центар Пелистер, ќе се одржи планинарска тура до Црвени стени, локација на која секој учесник ќе има прилика повеќе да ги запознае убавините на Национални парк Пелистер движејќи се низ уникатната Моликова шума, и да ужива во прекрасните погледи од добро познатите Црвени стени на Пелистер.

Правила за учество

  • трките се отворени за сите возрасти од двата пола, за лица кои имаат наполнето 18 години;
  • не е опходна атлетска лиценца, ниту е потребно претходно искуство на вакви трки, меѓутоа секој учесник пред да го добие стартниот број ќе мора да потпише согласност за самоодговорност, односно дека е свесен за сите ризици коишто ги носи треил планинското трчање и движењето низ планина воопшто;
  • секој учесник треба да е свесен и одговорен за сопствената психо-физичка подготвеност;
  • секој учесник е должен да ги прифати правилата за еко одговорност, почитување на флората и фауната низ патеките по кои се движи;
  • согласност дека за време на трчањето, според правилата на трките, секој учесник кој ќе направи прекршок (во зависност од прекршокот), ќе добие казнени поени, со додавање минути кон финишираното време или со директна дисквалификација од страна на организаторите.

Molika Тrail 46K

Национален Парк Пелистер, 25.09.2022 година, почеток во 06:00 часот. Почнувајќи од срцето на Националниот парк, патеката ќе ве однесе низ срцето на Националниот парк Пелистер. Првата половина од патеката ќе ве однесе до длабоката уникатна Моликова шума, каде потоа преку контролната точка Цапарска пресека каде патеката продолжува низ длабоката Моликова шума кон самиот врв Пелистер на 2601м надморска висина каде се отвораат бескрајните прекрасни хоризонти и пејсажи на Баба Планина, како што се Преспанското езеро со националниот парк Галичица, Ниџе планина со врвот Кајмакчалан како и погледи кои стигнуваат сѐ до прекрасниот Олимп.

Патеката потоа продолжува по широките планински ливади поминувајќи покрај Малото езеро, а потоа следува спуштање преку местото викано Широка се до финишот кај Инфо центарот на Националниот парк.

Трката носи 2 бода според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.

Baba Тrail 20K

Национален Парк Пелистер, 25.09.2022 година, почеток во 08:00 часот.

Трката е со должина од 20км со денивелација од 1170м. Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк.

Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), а истата целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.

Крај на фестивалот 17:00 часот

Сите настани организирани во 2020 година и резултатите од нив можи да ги погледните во делот на Архива и Резултати на двете веб страни. Исто така овде можe да ги видите и настаните за 2021 година, како и сите пријавени натпреварувачи од повеќе земји на меѓународните трки Molika Trail 46K и Baba Trail 20K.


www.pelisterultratrail.com

www.bitolaoutdoorfestival.mk

Ознаки: festivalkazipelistertrkiкажиПелистертрк итркитрки жфестивал
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Ковачевски за образованието, во ООН

Следна вест

Прогласена епидемија на ебола во Уганда

Поврзани ВЕСТИ

АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)
КАЖИ!

АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

Од Editor
септември 30, 2024
0
14

https://www.youtube.com/watch?v=QePkWZurRrQ

Прочитај повеќе
Цапарско поле и горни битолски села – Машка носија (ВИДЕО)

Цапарско поле и горни битолски села – Машка носија (ВИДЕО)

септември 26, 2024
14
Беше 26 септември (ВИДЕО)

Беше 26 септември (ВИДЕО)

септември 26, 2024
14
Следна вест
Прогласена епидемија на ебола во Уганда

Прогласена епидемија на ебола во Уганда

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

април 19, 2025
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

април 18, 2025
Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

април 18, 2025
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради јазел во водоводната мрежа

април 15, 2025

Скорешно

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

април 19, 2025
14
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

април 18, 2025
14
Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

април 18, 2025
14
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради јазел во водоводната мрежа

април 15, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist