Мисија

Афирмација на дигиталната култура во сите сфери на општеството

Визија

Воспоставување систем на QR ОПШТЕСТВО (Quick Responsive Society) за брза, лесна и еколошки чиста комуникација преку користење на новите дигитални технологии

Главна цел

Подигнување на свеста во општеството за придобивките од примената на новите брзи дигитални алатки за полесен и потранспарентен пристап до информации со заштеда на хартија, отпад, енергија и време.

Специфични
цели
и
задачи

  • Подигнување и развивање на јавната општествена свест за дигиталната култура, согласно искуствата на земјите од Европската унија, САД и други високо развиени земји
  • Стекнување на практични применливи вештини преку школување, советување, примена на нови комуникациските технологии, примена на научни методи и современи форми на образование, алтернативна уметност и други невообичаени форми на творештво
  • Поголемо вклучување на сите граѓани во креирањето на јавни политики за промоција и афирмирање на човековите и граѓанските права преку дигиталните алатки, за зајакнување на демократските, цивилизациските и културните капацитети на општеството, еднаквите можности и толеранцијата
  • Развивање и унапредување на вклученоста на граѓаните во јавните политики со користење на дигиталните можности за сензибилизирање на демократската свест, дигиталната јавност на граѓанското општество и почитување на човековите права.
  • Подигнување на свеста за потребата од партнерство, здружување и заедничка општествена одговорност, преку соработка со други субјекти од владиниот, јавниот, бизнис, образовниот и граѓанскиот сектор, учество во работата на комисии, форуми, асоцијации и други тела со посебен акцент на млади, образование и наука, култура, демократија, безбедност, медиуми, еднакви можности и човекови права.
  • Примена на дигиталните алатки при  организирање саеми, бизнис форуми, концерти, семинари, трибини, тренинзи, обуки, изложби, работилници, натпревари, театарски претстави, мултимедијални настани и други активности од областа на бизнисот, културата, уметноста, модата, дизајнот и културно-забавниот живот за зајакнување на културниот идентитет и запознавање на различни култури и нови алтернативни форми на културно-уметничко изразување
  • Организирање обуки за креативно пишување, читање, јавен настап, глума и комуникациски вештини како и стручни обуки за односи со јавност, промоција и маркетинг.
  • Издавање на книги, весници, списанија и публикации, преводи од странска стручна литература и други изданија во печатена форма како и продукција на електронски изданија (документарни програми, филмови, ТВ и радио емисии, Интернет портали и други форми на електронски медиуми) за остварување на целите
  • Интензивирање на вклучувањето на младите во разни иницијативи, развој и унапредување на волонтерството на домашно и меѓународно ниво, размена на студенти и организирање на летни школи, развивање и унапредување на пријателските односи меѓу младите од сите народи.
  • Спроведување и подршка на активности поврзани со заштитата на животната средина , еко-мисии, еко-патроли, работилници, соработка со надлежните министерства и здруженија од областа на екологија.
  • Обезбедување на партнерски односи со локалната самоуправа, институциите на централната власт, образовните субјекти и Универзитетите преку развивање на соработката низ дијалог, тркалезни маси, јавни дебати, семинари и учество во заеднички проекти.
  • Примена на дигиталните технологии за афирмирање на толеранција, комуникација и соработка помеѓу различните етникуми, култури и генерации, преку изучување на етички, философски и религиски системи како и различните верски, национални, идеолошки и цивилизациски вредности.
  • Промоција на европските вредности и демократски искуства преку соработка, поддршка, партнерство и размена на информации со здруженија од земји кои претендираат за членство или се веќе членки на ЕУ, учество во заеднички проекти и активности околу прашањата за европска интеграција на Република Македонија, унапредување на меѓународната соработка и односите со соседните земји, унапредување на меѓуетничките односи преку промоција на мултикултурна соработка меѓу заедниците во Македонија и регионот, како и активна комуникација и соработка со иселениците од дијаспората.
  • Надминување на родовата, верската, политичката и сите видови дискриминација, преку кампањи за поголемо вклучување на ранливите групи граѓани (бездомници, зависници, самохрани мајки, деца без родители) лицата со посебни потреби и други маргинализирани општествени групи во поголем општествен ангажман, прилагодени форми на образование, самостоен бизнис, поголема социјална заштита и др. форми на активности со социјално ранливи категории граѓани за нивна поголема интеграција во општеството.
  • Унапредување на здравството и здравствената заштита преку кампањи за заштита и превенција од пандемии, борба против пороците и против болестите, организирање на соодветни предавања, трибини и работилници, со посебен акцент на превенцијата, здравиот начин на живот, спортот, нутриционизмот, правилната исхрана и негативните последици од штетната храна.
  • Афирмирање на спортот, спортските активности и рекреацијата преку организирање на спортски манифестации, едукации и кампањи за подигнување на спортскиот дух кај граѓаните, со посебен акцент на младите.
  • Подобрување на образовниот систем преку организирање семинари и натпревари кои би го стимулирале образовниот процес, промовирање на алтернативни форми на образование за развивање за креативни вештини кои не се опфатени со формалното образование, збогатување на постоечките образовни програми со програми за перманентно образование и доживотно учење, програми за работа со талетирани ученици како и поттикнување на учество во натпревари и научно-истражувачка работа.
  • Примена на дигиталните алатки за унапредување и промоција на туризмот и угостителството, преку дополнително образование, кампањи, меѓународна размена на искуства и развој на алтернативен туризам.
  • Поттикнување на претприемаштвото, нови бизнис иницијативи, креативни идеи како, посредување со инвестицински фондови, обуки за бизнис план и т.н „меки вештини“, посредување при работа, истражувања, анализи и други активности од областа на микро и макро економските политики.

Кои сме ние?

Благој Шаклевски

Медумски експерт, новинар, водител, дипломиран менаџер по туризам

Д-р Анастас Џуровски

Консултант по право, проектен менаџер, универзитетски професор

Петар Трајковски

Програмер, ИТ експерт, креатор на содржини

Анастас Ангелов

Правник, финансиски консултант, ИТ експерт

Владимир Котевски

Проектен менаџер, креатор на содржини, специјалист за работа со деца и млади, дипломиран педагог-воспитувач

Димитра Десановска

Креатор на содржини, соработник на проекти, координатор за работа со студенти

Ивана Христова

Фотограф, соработник на проекти, координатор за работа со средношколци

Ангела Плушковска

Организација и логистика, соработник на проекти, координатор за соработка со младински НВО

Пеце Котевски

Креатор на содржини, соработник на проекти, координатор за соработка со спортски здруженија и клубови, дипломиран воспитувач

Маја Јанушева

Креатор на содржини, соработник на проекти, дипломиран професор по англиски јазик и книжевност

Здружението е впишано во Регистарот на здруженија и сојузи на 24.02.2022 

Структура и систем за одлучување

  1. Здружението QR ОПШТЕСТВО Битола има Собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и Претседател на здружението.
  2. Највисок орган на Здружението е Собранието кое со мнозинство од 51% на јавно гласање ги верификува одлуките и предлозите на Управниот одбор.
  3. Надзорниот одбор врши проверка на материјално финансиското работење и спроведувањето на Статутот, Програмата и другите акти на Здружението.
  4. Член на здружението може да биде и малолетно лице со наполнети 14 години со претходна согласност од родител или старател.
  5. Мандатот на сите органи е 4 години.

Welcome Back!

Login to your account below

Create New Account!

Fill the forms below to register

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Add New Playlist