Кепенци
сабота, април 19, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
И ТАА МОЖЕ КАКО НЕГО

И ТАА МОЖЕ КАКО НЕГО

октомври 30, 2022
во Сервис
46 0

Во рамките на годишните активности на Комисијата за родова еднаковст на Советот на Општина Битола во соработка со Здружението на граѓани QR Општество од Битола, е издаден т.н. прирачник за “самодовербa” за активностите кои се сметаат за “машки”. На
почетокот на проектот акцентот беше ставен на жените возачи и проблемите со кои можат да се соочат со возилото. Освен летокот, беше изведена и практична работилница во која жени од Битола можеа на самото место да се стекнат со знаења и вештини за кои претходно сметале дека се типично машки или недостижни за нив. Сето тоа со стручна помош на искусен автомеханичар.

Дел од информациите кои не се поместени во летокот со користење на практичната и беза дигитална алатка QR код се достапни на интернет поратлот kepenci.mk во содржини обележани со насловото на проектот И ТАА МОЖЕ КАКО НЕГО.

Според статистиката  над 75% од лицата кои користат автомеханичарски услуги се жени. Ова не е карактеристично само за развиениот запад, каде благодарение на повисокиот животен стандард жените се условно помобилни и понезависни на патиштата, туку и кај нас каде се’ повеќе се зголемува бројот на семејствата во кои жените имаат свој посебен автомобил. Според истражувања спроведени во САД и Западна Европа жените често непотребно бараат помош од механичар за дефект кој или не постои или е незначителен и можат самите да го решат. Ова отвора и едно друго прашање на деловна злоупотреба на незнаењето и несигурноста на жените поврзано со родовите стереотипи. Затоа денес жените се повеќе се охрабруваат преку обуки и прирачници да станат посамостојни и посигурни во себе. Оваа акција на Здружението КЈУ-АР Општество поддржана од Општина Битола е обид за следење на трендовите за родова еднаквост, кои не се ништо ново во светот.

ОСНОВНИ СОВЕТИ

Запознајте го вашиот автомобил

Секој возач треба да ги знае основните карактеристики и личната карта на својот автомобил. Тоа го има во упатството за користење или кај производителот. На почетокот “запознавањето” направете го со автомеханичар кој практично ќе ви ги покаже основните системи и делови и местата на кои се наоѓаат.

Следете и истражувајте на интернет

Денес освен компаниите кои произведуваат автомобили има и многу независни специјализирани интернет страници и блогови за возачи. Пожелно би било, од време на време, да си направите агенда за следење на советите и трендовите.

Најдете си пријател од доверба

Пријателот (може да биде и сопругот, дечкото, братот, таткото) на почетокот ќе игра улога повеќе за стекнување на чувство на сигурност и самодоверба, отколку што реално би ви ги решил проблемите. За поголемите дефекти и пријателот ќе треба исто како вас да консултира автомеханичар, но како почетник е добро да знаете дека имате на кого да се потпрете во случај на проблем.

Одберете свој автомеханичар

Некој во кој ќе бидете сигурни дека не ви ги преувеличува проблемите за да ви наплати повеќе, а исто така ќе биде подготвен да биде телефонски достапен за совет и консултација во секое време.

АВТОМОБИЛОТ ВИ ДАВА СИГНАЛИ

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРОВЕРКИ 

ИСПРАВНОСТ НА ПНЕВМАТИЦИТЕ

Проверката на пневматиците е задолжителна пред секое поаѓање на пат, а особено во зимски услови, кога треба да се менуваат летните со зимски гуми поради лизгавиот пат и одржување на баланс на возилото. Но и во лето пневматиците се важен фактор за безбедноста и исправноста на возилото. 

ЧИСТЕЊЕ НА ПРЕДНИТЕ ФАРОВИ

За да се исчистат стаклата на предните фарови, не се препорачуваат хемиски растворувачи и други агресивни средства кои може да ги оштетат пластичните стакла. Доколку го правите ова сами, користете сапун и топла вода. Полирање на предните фарови се врши во сертифицирана станица каде се користат професионални средства, машини и полир падови. Со ова, фаровите ја враќаат јасноста и видливоста на возачите на автомобилот особено во зима.

ПРОВЕРКА НА АКУМУЛАТОРОТ

Акумулаторите имаат одреден рок на употреба и траат неколку години. Во студеното време празниот акумулатор може да биде причина за дефект – колку е постудено, толку е послаб акумулаторот. Постарите акумулатори може да откажат уште од првото утро кога температурата ќе е под нулата. Овластените сервиси поседуваат и уреди со кои го испитуваат напонот, струјата и електриката и најточно ќе ви укажат дали стариот акумулатор треба да се замени со нов.

ПРОВЕРКА НА ТЕЧНОСТА ЗА ЛАДЕЊЕ

Течноста за ладење треба да се проверува, но треба да внимавате дали моторот е доволно изладен за да не се изгорите. Течноста за ладење може да се дополни со дестилирана вода, но никако не треба да се додава повеќе од 3 децилитри. Во спротивно, повеќе течност од дозволеното, може да предизвика истекување и да настане проблем во системот за ладење. За да го спремите автомобилот за зима, треба да го дополнувате со антифриз. Најчесто се користи истата течност, која е предвидена од страна на производителот.

ПРЕВЕНТИВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ПРЕД ЗИМА

Секоја претстојна сезона треба да се извршува технички преглед за да се зголеми вашата и безбедноста на возилото. На ваквите прегледи, станиците ја проверуваат и ја зголемуваат исправноста на возилото, со што се намалува ризикот за сообраќајна незгода. Другата добра страна се промоциите, затоа што пред зима често нудат сезонски попусти и кампањи, како на пр. при купување на зимски гуми да добиете гратис синџири за снег.

ДОМАШНИ “МАШКИ” РАБОТИ 

Постојат и други т.н. „машки работи“ во домот за кои не е потребна посебна сила, ниту големо знаење, туку клучна е вашата самодоверба. Со мала обука секоја жена лесно може да одврти и исчисти сифон, да смени славина, или да поправи фасонка, штекер или прекинувач (секако со претходно преземање на сите безбедносни мерки за исклучување на струјата или водата).

Целта на оваа кампања, не е толку да научи, колку што е да охрабри и да ја поттикне самодовербата кај жените – дека и МАШКИТЕ РАБОТИ МОЖАТ ДА ГИ ИЗВРШУВААТ КАКО НЕГО.

Ознаки: ednakovstrodovaservisеднаквостженисервис
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Континуиран ангажман на битолски водовод во викенди и празници

Следна вест

И ТАА МОЖЕ КАКО НЕГО (прирачник 2)

Поврзани ВЕСТИ

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември
Сервис

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Од Editor
април 19, 2025
0
14

По успешното отстранување на дефектите на водоводната мрежа на ул. Партизанска и ул.8 Септември, водоснабдувањето е нормализирано и се одвива...

Прочитај повеќе
Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

април 18, 2025
14
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради јазел во водоводната мрежа

април 15, 2025
14
Следна вест
И ТАА МОЖЕ КАКО НЕГО (прирачник 2)

И ТАА МОЖЕ КАКО НЕГО (прирачник 2)

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

април 19, 2025
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

април 18, 2025
Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

април 18, 2025
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради јазел во водоводната мрежа

април 15, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist