Кепенци
вторник, ноември 11, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Како „проклетото дрво” стана Спасително – од апокрифните преданија за Чесниот Крст

Како „проклетото дрво” стана Спасително – од апокрифните преданија за Чесниот Крст

септември 27, 2022
во Длабоко
24 1

“Дрво на живот и спасение,
дрво на бесмртност,
дрво на промисла,
дрво триљубезно,
нетлено и неразрушиво,
Крсту троделен, дрво чесно,
на Троица образот триипостасен го носиш”

За многу години Воздвижение на Чесниот Животворен Крст Христов!Честит вистински ДЕН НА ДРВОТО!

Човештвото денес измислува имитации на Вистината, во секоја смисла, ги слави и им се поклонува на лажните “образи” кои си ги измислил како замена, како идол за обожување “наместо” Самата Вистина.

Всушност самиот “дух” на антихристот значи сурогат, замена, лоша имитација, не “анти” како буквално “против”, туку како (Негова) “замена”, како “наместо”, како “нешто налик”, како имитација на Вистината, која сама по себе нема ништо вистинито и во суштина е лукаво прикриена лага.

Денес имаме еден куп лажни секуларни празници во слава на човекот, на детето, на мајката, на жената, на слободата, на мирот, на трудот, на дрвото … на што ли уште не, иако сите овие искривени “модерни слави”, по суштина и вистина, ни се веќе одамна изворно дадени и со години нив, просто и искрено, ги славеле нашите прадедовци.

Вистинитоста и веродостојноста на преданието за “проклетото дрво” подолу, нема “научно” да си ја објасните и потврдите, ни со историска, ни со археолошка, па дури ни со “рационална” теолошка или било каква друга “логична” аргументација, но сепак, местото ѝ е овде, сега, денес, за “Денот на Дрвото”, во Чест на Крстот и во Слава на Бога:

Во западното предградие на Ерусалум има православен манастир на Светиот Крст.

Според преданието, тој е изграден на местото на коешто израснало дрвото од кое бил направен Крстот Господов.

Денес манастирот е под грчка управа, но пред многу векови манастирот го нарекувале “Обител на Грузиската слава”.

На фреските на главната Црква е живиписано манастирското предание за Чесното Дрво.
Според преданието – тројцата патници кои како Образ на Светата Троица, му се јавија на Авраам, му оставија на праотецот три фиданки.

Тие биле од различни дрва кипарис, бор и кедар, за разлика од локалниот мамвриски даб на Авраам. (според црковното Предание, крстот на Спасителот бил триделен. Се состоел од три видови на дрво: кипарис (зимзелено дрво, што расте во јужните топли краишта), кедар (вид на иглолисно дрво) и певг (вид на бор, чемпрес).

Постои и праобраз (пророштво) за ова, во книгата на пророк Исаија:

„Славата на Ливан ќе дојде при тебе со кипарис, бор и кедар заедно, за да го украси местото на Моето светилиште, – а Јас ќе го прославам подножјето на нозете Свои.“
(Исаија 60 – 13)

Праведниот Лот, од родот Авраамов, кој беше спасен од Ангелот пред разорувањето на Содома, со години ги полевал сувите, подгорени и исцрнети фиданки забодени в земја. И се случило чудо – тие пуштиле корења и разлистале и со тек на време сраснале во едно.
Според манастирското предание за Чесниот Крст, натаму се раскажува дека по многу години дрвото било исечено по наредба на царот Соломон, во времето кога го градел Храмот во Ерусалим.

Кога дрвото го видела Савската Царица, претскажала дека на тоа Дрво треба да умре Господ.

Соломон се исплашил и се откажал од намерата Дрвото да го употреби како градежен материјал за Храмот и наредил да го закопаат длабоко под земја, во близина на бањата Витезда, кај Овча Порта.

Поминувале векови, водата ја изронила земјата и дрвото повторно се појавило.

Кога му дојде денот, дрвото го извадиле и од него го направиле Крстот, на кој на казна Го предадоа Синот Божји. (преданието за “пророштвото на Савската Царица”, денес е раширено низ повеќе земји од Западна Европа, особено по враќањето на Темпларите од Крстоносните војни)

Постојат и други т.н. апокрифни сведоштва во кои се раскажува за необичното потекло на Дрвото на Чесниот Крст. На пример “Евангелието на Никодим” или “Словото за Чесното Дрво”, во кои исто така се зборува и дека Крстното Дрво потекнува од Рајот, од каде го донел Ангел, за да го утеши Адам пред смртта.

За тоа предание зборува и Светиот Јован Златоуст:

” Наместо дрво за познавање на доброто и злото – Дрво на Крстот;
Наместо смрт Адамова – смрт Христова … Преку дрво, ѓаволот го порази Адама – преку Дрво Крстно, Христос го победи ѓаволот”

Преданијата за Чесниот Крст не се канонизирани, но нивниот символ и образ постојано се јавуваат и во светот и во Црквата во културолошки, но и во духовен контекст.

Најголемото значење на апокрифите за потеклото на Вистинското Дрво на Чесниот Крст е во тоа што тие се совпаѓаат и се во согласност со Евангелијата и Старозаветните преданија.

Тие ја нагласуваат и величаат и улогата на Божјата Промисла, Која дејствува врз историјата на целиот свет и врз секој човек поединечно.

“Дрвен Крсту триделен, трите во мене сили душевниː разумот, чувствата и волјата, со трите доблести божествениː верата, надежта и љубовта – укрепи ги, и кон созерцание Троично воздигни ги”

(од Канонот на Чесниот Крст)

И уште едно слично предание, од грчки извор, неодамна преведено на наш портал (ова погоре беше од руски извори) :
“Трите ангели, на кои им укажа гостољубие Авраам, како икона на Света Троица, заминувајќи божем „ги заборавија“ нивните бастуни, покрај Мамврискиот даб. Нив ги употребуваше Сара како дрва за во огнот, но гореа без да изгорат до крај, па затоа таа ги фрли велејќи „проклети дрва не горат“.

Кога се опијани Лот падна во грев со неговите ќерќи, па откако се освести отиде кај неговиот стрико Авраам и го исповедаше пред него злото коешто се случи.

Тој, пак, му рече: „Голем е твојот грев, чедо; затоа, земи ги овие три подгорени дрва (т.е. дрвата што ги фрли Сара) и насади ги во она место и донесувај им вода од Јордан за да ги наводнуваш: ако никнат, тоа е знак дека Бог го примил твоето покајание и ти го простил гревот.”

Лот направи така и носеше вода од Јордан, којшто беше оддалечен еден ден одење. Но ѓаволот, преправен некогаш како преморен жеден патник, некогаш како болен старец, а некогаш како сиромашна и несреќна жена, му ја пиеше водата уште по патот. Бог се сожали на него и еднаш ја избегна таа средба и само еднаш ги навади дрвата, коишто никнаа и се соединија во едно трослојно дрво, составено од бор, кедар и кипарис. Тоа место се наоѓа внатре, во храмот на манастирот на Крстот во предградието на Ерусалим.

По речиси илјада години (1015-975 пред Христа) кога требаше Соломон да го гради Храмот и сите луѓе и сета природа придонесуваа во неговата изградба, беше исечено и ова дрво за таа цел.

Но кога требаше да се употреби, каде и да го ставеа, секогаш беше или кратко или долго и најпосле го фрлија како неупотребливо во еден агол нарекувајќи го „проклето дрво“.

А кога Јудеите трчаа и бараа дрво за да Го распнат Господа, прирака им се најде ова дрво, кое беше соодветно, и од него беше изделкан крстот Христов.

Токму ова “проклето дрво” потоа се преобрази во благословеното Крсно Дрво и клетвата се претвори во благослов и спасение преку нашиот Господ Кој беше прикован на него.

Ознаки: cesendlabokokrstдлабокочесен
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Здружение Виктори – Младинска иницијатива за борба против ракот

Следна вест

Битолчанецот Владимир Костов добитник на наградата „Ана Франк”

Поврзани ВЕСТИ

Православен календар 26 септември 2024
Длабоко

Православен календар 26 септември 2024

Од Editor
септември 26, 2024
0
14

https://www.youtube.com/watch?v=ksEsV5TemBc

Прочитај повеќе
Дали знаете? – Свети Наум во црквите низ Унгарија (ВИДЕО)

Дали знаете? – Свети Наум во црквите низ Унгарија (ВИДЕО)

септември 5, 2024
14
Православен келендар 5 септември 2024 (ВИДЕО)

Православен келендар 5 септември 2024 (ВИДЕО)

септември 5, 2024
14
Следна вест
Битолчанецот Владимир Костов добитник на наградата „Ана Франк”

Битолчанецот Владимир Костов добитник на наградата „Ана Франк"

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
14
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
14
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
14
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist