Цвеклото е познато по своите лековите својства, особено за црниот дроб. Иако, кога ќе се спомне било каков рецепт од цвекло, помислувате дека тоа не и е нешто многу вкусно, за среќа овој рецепт го покажува спротивното. Намазот од цвекло кој ги задржува хранливите својства, растителните влакна, антиоксидансите и супстанциите кои го подобруваат здравјето на црниот дроб, а поттикнува и процес на детоксикација, е и многу вкусен рецепт.
Состојки:
- 3 главици цвекло
- 300 грама леблебии
- 1 кг цедени лимони
- 5 чешниња лук
- половина лажичка сол
- ¼ шолја маслиново масло
- ¼ шолја вода
Подготовка:
- тенџере со вода ставете го цвеклото да се вари се додека не омекне (обично околу 40 минути).
- Откако ќе се свари излупете го и исечкајте го на големи парчиња.
- Сите останати состојки заедно со свареното цвекло изблендирајте ги во блендер.
- Кога смесата ќе се претвори во кремаст намаз е готова и може веднаш да се конзумира.
Со чипс, оризови крекери или намачкан на леб – едноставен, вкусен и здрав.
На здравје
















