ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека моментално градот се соочува со недостиг на сирова вода, поради што дел од корисниците имаат прекинато или отежнато водоснабдување.
Од претпријатието потенцираат дека не станува збор за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено снабдувањето во високите делови на ниската зона.
Се упатува апел до станарите на висококатниците да ги стават во функција своите хидрофорски постројки, со цел да обезбедат подобро и постабилно водоснабдување.
ЈКП „Водовод“ уште еднаш ги повикува сите граѓани совесно и рационално да ја користат водата.















