Проектот за изградба на новата водоводна линија на улица „Сру“ бр. 5 е целосно реализиран. Со поставување на нови полиетиленски цевки и соодветни приклучоци, обезбедено е поквалитетно и посигурно водоснабдување за жителите од оваа улица.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола порачаа дека остануваат посветени на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за граѓаните.




















