Во просториите на ЈКП „Водовод“ – Битола се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од Општинскиот инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.
На состанокот беше дискутирано за проблемот со злоупотреба на вода преку нелегални приклучоци и кражба на вода, со што се нанесува сериозна штета на јавното претпријатие и на сите совесни корисници.
Се информира јавноста дека секоја злоупотреба на водата ќе биде предмет на соодветна постапка согласно важечките законски регулативи.
Против сите лица кои ќе вршат кражба на вода или ќе користат диви приклучоци ќе бидат преземени соодветни санкции преку надлежните органи.
ЈКП „Водовод“ – Битола упатува апел до сите граѓани и правни субјекти да ја користат водата на законски начин, а воедно ги охрабрува да пријавуваат евентуални злоупотреби.
















