Дел од жителите на Битола денеска (03.05.2026, недела) се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа.
Како што информираат од ЈКП „Водовод“, без вода се корисниците од улицата „Социјалистичка“, во близина на маркетот „Анџела“.
Екипите на претпријатието се веќе на терен и работат на санирање на дефектот, со цел што побрзо нормализирање на водоснабдувањето.
Во меѓувреме, за да се ублажи состојбата, за граѓаните ќе биде обезбедена цистерна со чиста и питка вода, која ќе биде поставена по 13 часот во овој дел од градот.
















