Жителите од долниот дел на населбата Горно Оризари утре (05.05.2026, вторник) ќе останат без вода поради реконструкција на водоводната мрежа.
Според најавите, работите ќе ги изведува компанијата БВ Инженеринг, а прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:30 до 12:30 часот.
Надлежните апелираат до граѓаните навремено да си обезбедат доволни количини вода за потребите во текот на денот.















