Приватните производители на пченица во Индија се изненадени, што за првпат по долги децении, немаат потреба од субвенциониран откуп на нивното производство од државата.
Приватните извозници годинава ја откупуваат пченицата директно од производителите, што освен зголемена добивка кај земјоделците, значи и голема заштеда во државниот буџет, од кој до лани се издвојуваа огромни средства за државен откуп на пченицата.
Ваквиот поволен раст на извозот на пченица од Индија се должи да глобалниот дефицит предизвикан од војната во Украина.
Пченицата од Индија главно се извезува во земјите околу Црноморскиот Басен, Канада и Австралија.
















