Меѓународната Агенција за нуклеарна енергија ги истражува извештаите од 16 април, во кои се тврди дека руска ракета премногу блиску прелетала над атомската централа во Јужноукраинск.

Доколку е ова вистина, тогаш може да биде многу опасно за целиот свет.
Од Агенцијата предупредуваат дека евентуално погодување на нуклеарните постројки со ракета ќе предизвика хаварија со можни несогледливи глобални последици.

За предупредувањето да не биде сфатено како дел од западната анти-руска пропаганда и сѐ погласните обвинувања кон Русија за спроведување геноцид во Украина, претставник на агенцијата рече дека случајот го разгледуваат неутрално и дека тие не знаат чија ракета на 16 април, прелетала блиску над нуклеарна централа.
