Кепенци
среда, ноември 12, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Нов “Училишен зборник” за училиштето “Браќа Миладиновци” во Жван

Нов “Училишен зборник” за училиштето “Браќа Миладиновци” во Жван

март 7, 2023
во КАЖИ!
46 0
Пишува Димитра Десановска

Младиот наставник и ентузијаст Влатко Стојковски, повторно успеа во рацете на учениците да остави една богата културна и духовна ризница.

Станува збор за новиот ,,Училишен зборник “ кој ќе најде место во училиштето ОУ ,,Браќа Миладиновци“- Жван.

“Запознат сум со некои основни податоци. Како тоа дека училишната зграда која што постои и денес и каде се одвива редовна предметна настава, била изградена една година пред училиштето да започне со работа (1962). Воспитно-образовната дејност започнала во 1963 година, па оваа 2023 претставува 60-годишен јубилеј. Во минатото во близина на училиштето бил отворен и интернат во којшто престојувале ученици кои доаѓале да учат во Жван, а потекнувале од подалечните села како Мало и Големо Илино, Базерник, Брезово, Доленци, Железнец и други. Во интернатот учителите одработувале дополнителни работни часови и се грижеле за децата и по наставата, а дел од оние кои доаѓале од други места и биле семејни личности, престојувале во посебна станбена зграда која и денес постои во близина на училиштето. Зградата на интернатот веќе не постои како таква. Кога се вработив имав можност отприлика година до две да поработам со неколку колеги- наставници кои позади себе имаа оставено речиси четири децении учителска дејност, а потоа се пензионираа. Од нив научив многу за професијата благодарение на советите што ги добивав и поддршката. Од нивните кажувања не беше тешко да се разбере колкави разлики постоеле во образованието некогаш и сега, но и во функционирањето на самото училиште. Значајно е да се напомене дека во училиштето се школувале имиња кои денес имаат високо место во македонската книжевност, како: Петре М. Андреевски, Горјан Петревски, Раде Силјан, Божин Павловски и други” – рече Влатко Стојковски.

Зборникот, кој е во чест на браќата Миладиновци, е направен и по повод 60-годишнината на училиштето и неговиот патронен празник што наближува деновиве. Во него се застапени содржини кои информираат за постигањата на учениците и училиштето во целост, во текот на изминатите години.

“Пред неколку години сметам дека бевме активни чинители во модернизацијата на образованието преку примена на информатичката технологија во наставата. Тоа се бараше од нас како и од останатите училишта во земјава, а во училишта во рурални средини какво што е нашето – предизвикот беше поголем. Соработувавме и со волонтер на Мировниот корпус на САД во Македонија и две години бевме домаќини на волонтерка со американско потекло, која што стана дел од кадарот и имаше задача да направи спој помеѓу македонската и американската култура, да поттикне позитивни иновации во наставата по англиски јазик и која воедно преку изработка на проект, обезбеди финансиски средства за обнова на старата кровна конструкција на училиштето, но и друг вид помош. Сметам дека иако сме помали, барем во однос на бројот на ученици, изминативе 14 години откако работам овде, направивме многу, а најважно од сѐ – успеавме нашите ученици да ги вклучиме во важни и интересни проекти (и надвор од училиштето), преку кои тие стекнаа искуство и моменти за кои верувам дека нема да ги заборават и дека ќе им користат во натамошното образование и животот воопшто”, посочи Стојковски.

На 17 овој месец, училиштето го чествува ликот и делото на своите патрони преку програмски активности кои оваа година ќе траат една работна недела. Главен удел секако, ќе имаат учениците кои ќе учествуваат во едукативни квизови, спортски и мултимедијални активности, литературни читања и на крај, како главни актери на завршната свечена приредба што ќе се одржи на 17 март пред родителите и останати гости. На неа учениците ќе ги покажат актерските, рецитаторските и музичките способности, за што тоа се подготвувале во изминативе месец до два.

– Сакам кога нештата се одвиваат по план, бидејќи тоа треба да биде и одлика на секој еден наставник. Периодов што следи ќе ми овозможи да бидам ангажиран во проекти и настани надвор од училиштето, а кои исто така ќе имаат културолошки белег. Повеќето од нив ќе бидат поврзани со литература, фолклор и уметност, а во сите нив мојата улога треба главно да биде модераторска. Во нив, учество треба да земат и ученици од нашето училиште. Се подготвува една манифестација која што има тенденција да премине во традиција, а ќе биде поврзана со нашиот роднокраен автор, писателот Горјан Петревски. Но, не би откривал премногу околу тоа засега. Нашиот крај е место на писателски имиња, па најдобро може да се промовира преку книжевноста. Иако, овде не би го исклучил и потенцијалниот селски туризам за кој што е потребна ангажираност од страна на повеќе фактори за да стане конкурентен и успешен.

– Преродбениците кои ја одиграа можеби најзначајната улога во македонското разорено општество во текот на 19-от век, кој што сметам дека можеби е еден од најзначајните периоди за македонската национална историја. За него пишуваат и многу странски автори, прочучувачи на македонистиката. Тоа е време во кое што едноставно “пукаат” шевовите на оштетеното македонско ткиво и во кое народната македонска маса сѐ понагласено ја чувствува потребата од самоспознание и враќање на загубените народни и духовни вредности. Миладиновци имале исклучително влијание во подигнување на националната свест преку собирачката, но и учителската дејност по кои што најдобро ги препознаваме. Константин Миладинов се смета за основоположник на македонската уметничка поезија, додека Димитар е примерот за учител за кого доаѓале деца од најразлични краишта, па и надвор од Македонија, само за да се школуваат кај него. Нивниот спомен треба да се негува поодговорно, посебно во овие тешки времиња за Македонија, за која имам впечаток дека повторно преживува моменти слични на оние од тој тежок 19 век, истакна Стојковски одговарајќи на прашањето за тоа какво е значењето на Браќата Миладиновци за нашата држава.

Авторот на книгата „Записите на учителот“ вели дека кепенците за сите млади луѓе кои денес сакаат да запливат во водите на пишувањето, творењето и издавањето, остануваат отворени:

“Пишувањето го негуваме за време на редовната настава, а оние кои што се истакнуваат повеќе и навистина поседуваат талент, ги насочуваме како понатаму. Можеби најголемите успеси што сме ги направиле се поврзани токму со творењето на поетски или прозни дела од страна на деца. Мислам дека мојата прва книга која што дојде до рацете на многу деца во Македонија, посебно кај моите ученици, предизвика задоволителен поттик. Во тек сме на подготовка на прва стихозбирка на моја ученичка која што се надевам ќе биде отпечатена наскоро. Повеќе индивидуални творби на наши ученици се дел од стихозбирки на разни издавачи и од разни настани од детски книжевен карактер каде сме биле учесници. Иако, неретко им кажувам дека треба да бидат трпеливи, посебно во идејата за издавање книга (која стана тренд кај деца кои сѐ уште не се ни полнолетни), бидејќи сѐ уште се во рана возраст, и допрва треба да работат на стилот, изборот на мотиви и разбирањето на поезијата, која секако не е лесна. Говорам за вистински добрата поезија која според мене е ретка.

Бидејќи живееме во земјата осветена од Св. Кирил и Методиј, а е опеана и запазена од перото на Миладиновци, Мисирков, Конески и ред други, треба да бидеме свесни дека пишувањето и љубовта кон книгата и културата воопшто, треба да бидат составен дел од душата на овој народ. Тоа е она што мислам дека како минува времето го забораваме, а претставува како што рекол и Мисирков “наш долг и наше право”.

Ознаки: kaziкажи
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Една метанија една солза – Длабок поклон на покајание

Следна вест

Прекини со водоснабдувањето од Педагошка до ул. Стив Наумов

Поврзани ВЕСТИ

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина
КАЖИ!

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина

Од Editor
мај 31, 2025
0
14

По три години посветена работа, ЕКТЕР – Битола со гордост објавува дека нашата едукативна кампања за намалување на пушењето „Кажи...

Прочитај повеќе
Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

мај 14, 2025
14
АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

септември 30, 2024
14
Следна вест
Битола – најавени прекини во водоснабдувањето

Прекини со водоснабдувањето од Педагошка до ул. Стив Наумов

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
14
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
14
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
14
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist