Кепенци
среда, ноември 12, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
СОУ Таки Даскало – Креативни и отворени за нови ученици

СОУ Таки Даскало – Креативни и отворени за нови ученици

мај 25, 2022
во КАЖИ!
72 0

Во СОУ “Таки Даскало” Битола, се одржа отворен ден, на кој деветто одделенците имаа можност да се запознаат со гимназиското образование и сите струки кои им ги нуди ова училиште.

Им беа презентирани гимназиското образование и билингвалната паралелка (македонско-англиска) што им нуди на учениците можност да учат и на англиски јазик, што полесно им ги отвора вратите да студираат на светските универзитети, а беа презентирани и седумте струки:

  • геолошко-рударска и металуршка (геолошко-рударски техничар),
  • сообраќајна (техничар за патен сообраќај и техничар за транспорт и шпедиција),
  • графичка струка (графички уредник-дизајнер/графички техничар и печатар/изработувач на визуелни апликации – дуално образование),
  • градежно-геодетска (градежен/архитектонски техничар),
  • текстилно-кожарска (техничар за дизајн на облека/техничар за изработка на облека),
  • угостителско-туристичка (хотелско-туристички техничар),
  • лични услуги (техничар за козметичка нега и убавина),

како и можностите што им ги нуди стручното образование за стекнување вештини за вработување и отворање на сопствен бизнис. 

Новитет од оваа година е воведувањето и на дуалното образование во графичката струка во образовниот профил печатар, за што беше потпишан Меморандум за соработка со Печатницата “Киро Дандаро”, што ќе им овозможи на учениците практичната настава која ќе ја изведуваат во оваа компанија да им биде платена од страна на МОН, а ќе им биде загарантирано и вработување во Печатницата “Киро Дандаро” по завршувањето на средното образование. Дуално образование се планира да се воведе и во другите струки, затоа што тоа е иднината за стручното образование кое треба да продуцира стручни кадри кои ќе стекнуваат практични вештини во компаниите и ќе можат веднаш по завршувањето на средното училиште да се вклучат на пазарот на трудот.

– СОУ “Таки Даскало” им нуди на учениците широки можности за избор, според сопствените афинитети. Покрај квалитетно гимназиско образование и билингвална македонско-англиска паралелка, им нудиме и седум струки кои се дефицитарни на пазарот на трудот и ќе им овозможат на нашите ученици стекнување практични вештини и вработување по завршувањето на средното образование, а од наредната учебна година воведуваме и дуално образование во графичката струка во соработка со Печатницата Киро Дандаро

– истакна директорот Ристо Грујовски.

Во секторот градежништво, градежните компании имаат недостиг на градежни техничари кои се дефицитарни, а има потреба и од архитектонски техничари, а од следната учебна година битолски фирми ќе им доделуваат стипендии на учениците од градежно-геодетската струка.

РЕК Битола има постојана потреба од рударски техничари, каде учениците ја изведуваат и практичната настава, па им се нуди можност за брзо вработување во најголемиот рударско-енергетски комбинат во државата. Во Битола, како еден од туристичките центри во Македонија, исто така има недостиг на кадри во угостителскиот сектор, хотелско-туристички техничари, така што голема е можноста за вработување во хотелите, рестораните, туристичките агенции кои немаат квалификуван кадар, а имаат потреба од тоа.

Битола како колевка на графичкиот занает и со долгогодишна традиција во графичарството, исто така, има потреба од графички техничари, графички дизајнери, печатари, изработувачи на визуелни апликации, а струката нуди можности и за отворање сопствен бизнис, зашто графичкиот дизајн наоѓа широка примена. Исто така и текстилната струка и навлегувањето во тајните на модниот дизајн и дизајнирање, конструкција и изработка на модни креации, нуди можност за сопствен бизнис, како и секторот лични услуги козметичка нега и убавина, кој овозможува стекнување вештини за отворање на козметички салони за нега на лице и тело, фризури и шминка. Сообраќајната струка им нуди можности за вработување во приватни и државни институции, во МВР, во Царината, автошколи итн

На настанот, кој беше богато организиран, имаше и музички концерт испреплетен со драматизации, во кој учениците ги покажаа своите таленти за пеење, свирење, глума, цртање, радиодрама на англиски јазик која ја подготвија учениците од билингвалните паралелки, модна ревија на учениците од текстилната струка, со модели кои сами ги дизајнираа, а учесниците во модната ревија беа професионално нашминкани од учениците од струката лични услуги козметичка нега и убавина, а за гостите од основните училишта, учениците заедно со нивните родители, наставниците и другите вработени во училиштето, подготвија мултиетничка кујна со традиционални јадења, а учениците од угостителско-туристичката струка подготвија и посебна богата шведска маса која ја аранжираа и ги покажаа своите вештини.

Имаше и повеќе изложби, графичарите подготвија изложба на “Уметничка графика-сува игла”, изложба на ликовни дела и карикатури од уметничкиот актив, изложба на макети на индивидуални објекти, тродимензионални модели, проекти изработени во Auto Cad од градежно-геодетската струка, текстилците рачни изработки на модни додатоци, торби и накит, а гимназијалците изведоа хемиски и физички експерименти. 

Подготви: Марија Младеновска-Димитровска

Ознаки: taki daskaloкажитаки даскало
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Прекини со водоснабдувањето на Смилевски Конгрес

Следна вест

Водовод Битола – Крводарителска акција

Поврзани ВЕСТИ

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина
КАЖИ!

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина

Од Editor
мај 31, 2025
0
14

По три години посветена работа, ЕКТЕР – Битола со гордост објавува дека нашата едукативна кампања за намалување на пушењето „Кажи...

Прочитај повеќе
Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

мај 14, 2025
14
АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

септември 30, 2024
14
Следна вест
Водовод Битола – Крводарителска акција

Водовод Битола - Крводарителска акција

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist