Кепенци
петок, јануари 30, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Зошто ни е потребен сон?

Зошто ни е потребен сон?

февруари 24, 2023
во бИднина
65 1
Пишува Маја Јанушева

Третина од животот ни поминува во спиење, а толку малку му обрнуваме внимание. Спиењето е многу важна компонента во нашето деноноќие. На телото му е неопходен одмор за внатрешните процеси да се одвиваат непрекинато. Некои луѓе се фалат со тоа дека не спиеле кој знае колку време или дека можат да издржат неколку дена без сон. Иако денешното општество тоа го смета за нормално – премногу е штетно за организмот ако не го одмараме правилно.

Во минатото луѓето мислеле дека нема никаква умствена активност кога спиеме. Тоа не е точно. Сонот има две фази: РЕМ и не РЕМ (NREM). Кога се обидуваме да заспиеме сме во првата фаза од спиењето таканаречена лесен сон. Тоа е преоден период меѓу будност и сон. Во оваа фаза се опуштаме, работата на срцето забавува, а исто и онаа на мозокот. Откако ќе заспиеме, приближно по час и половина, влегуваме во РЕМ фаза. Во оваа фаза на подлабок сон, очите забрзано се движат, а мускулите ни се парализирани. Температурата на телото опаѓа, а опуштеноста што ја имаше на почетокот, преминува во забрзаност на крвта и на пулсот. Во РЕМ фазата, активноста на клетките е скоро иста со нивната активност дури сме будни.

Ако се разбудиме во РЕМ фазата подобро ќе запаметиме што сме сонувале, но некогаш телото ни е дезориентирано и ни требаат неколку минути да се соземеме. Исто така, телото лачи повеќе хормони дури спиеме. Ова е многу важно за луѓе кои се занимаваат со било каков спорт, а посебно бодибилдерите. Хормонот за раст се зголемува, а кортизолот се намалува. Се препорачува да се легнува во исто време секоја вечер и да се спие најмалку 6-8 часа. На малите деца им е потребно повеќе.

Затоа треба да се храниме здраво, редовно да вежбаме, како и да му дадеме на телото заслужен одмор. На тој начин ќе ни се подобри менталната активност – како на пример, меморијата и способноста за решавање на проблеми. Ќе бидеме побистри и поприсутни. Разни срцеви, мозочни заболувања и други болести можат да се појават ако редовно спиеме помалку од 6-7 часа. На пример, проблеми со кожата, проблеми со дигестивниот тракт, поголема веројатност од повреди, намалена концентрација.

За да го подобриме сонот, се препорачува да спиеме во тотално затемнета соба и да не го изложуваме телото на светлина или звуци. Затоа, оставајте го телефонот во друга соба или ако немате аларм – оставете го до Вас, но не го проверувајте постојано. Дури и светлината од телевизор е штетна. Бидете активни во текот на денот и јадете храна богата со влакна, пример – авокадо, грав, чиа семе, сладок компир, морков, киноа.

И за крај: спиење во текот на денот. Не треба да се претера – но пола час ќе му помогне на телото подобро да функционира. Но, ако спиеме подолго од 45 минути има шанса да влеземе во РЕМ фазата и кога ќе се разбудиме ќе се чувствуваме тешко и дезориентирано. Не сакаме да се чувствуваме така ако се уште треба да работиме, нели? Но, зошто е потребно спиењето во текот на денот? Така сме програмирани.

Интересен факт: телата ни се програмирани така што доживуваме два брана на интензивна дремка – од 2 до 4 часот наутро и од 13 до 15 попладне. Не е поврзано со жештината во текот на денот или со тоа што сме јаделе многу за ручек, туку едноставно таква ни е физиологијата.
Ознаки: bidninaбиднина
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Ева Јосифовска – Кога си млад небото е граница

Следна вест

Се собрале „Мераклиите“ – Автентично оживување на песната за Јордан Пиперката

Поврзани ВЕСТИ

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА
бИднина

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

Од Editor
април 18, 2025
0
14

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ со Славчо Ковилоски Гостин: проф. д-р СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА Тема: СОВЕТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК https://www.youtube.com/watch?v=hdrE7328Enc&lc=Ugy1mqU3eHtoQiyS0ih4AaABAg

Прочитај повеќе
АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА СВЕДОЦИ НА МИСТЕРИОЗНИ ЗВУЦИ?

АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА СВЕДОЦИ НА МИСТЕРИОЗНИ ЗВУЦИ?

септември 4, 2024
14
АванТуризам – Хајдар Кади џамија во Битола (видео)

АванТуризам – Хајдар Кади џамија во Битола (видео)

септември 3, 2024
14
Следна вест
Се собрале „Мераклиите“ – Автентично оживување на песната за Јордан Пиперката

Се собрале „Мераклиите“ - Автентично оживување на песната за Јордан Пиперката

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

јануари 7, 2026
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Прекин на водоснабдување во делови од Битола во недела

декември 28, 2025
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

декември 16, 2025
Нормализирано водоснабдување по санираниот дефект на Булевар 1 Мај

Нормализирано водоснабдување по санираниот дефект на Булевар 1 Мај

ноември 25, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist