Во Обединетото Кралство има 81 функционален крипто банкомат. Наскоро сите до еден би можеле да бидат отстранети, бидејќи според надлежниот орган – работат незаконски.
Крипто-банкоматите изгледаат како обични банкомати и им овозможуваат на луѓето да купуваат криптовалути, како што е Биткоин, користејќи ги нивните банкарски картички.
Но, ниту една компанија која нуди услуги за криптовалути во ОК нема лиценца да управува со крипто банкомати.

FCA вели дека сите такви машини мора да се исклучат или во спротивно ќе се преземат мерки.
Според директориумот Coin ATM Radar за крипто-банкомати , има 81 функционални крипто банкомати во Обединетото Кралство.

Би-би-си пишува дека од објавувањето на таа листа, 110 крипто компании престанале да тргуваат во Велика Британија.