Руската компанија Касперски е позната по својот антивирусен софтвер, но германската влада смета дека Русите би можеле да ги шпионираат корисниците преку нивните програми.
Со војната што започна пред дваесетина дена во Украина, зголемен е и бројот на сајбер заканите. Додека се водат вооружени конфликти во границите на Украина, сајбер конфликтите не ги познаваат границите и сите корисници на Интернет се загрозени.
Затоа, безбедносните експерти ги повикуваат корисниците да бидат внимателни, а оваа недела германската влада предупреди на опасноста од антивирусните производи на Касперски.