Иако биолошкиот процес за отстранувањето на азот диоксид од воздухот сè уште не е целосно разјаснет, истражувачите се надеваат дека нивното откритие ќе ги поттикне луѓето да ги полнат своите домови и канцеларии со повеќе растенија.
Новата студија на научниците од Универзитетот во Бирмингем покажа дека домашните растенија можат да го намалат нивото на азот диоксид (NO2) за дури 20%, што се смета за еден од најчестите загадувачи во урбаните средини.
Индексот за квалитет на воздухот се базира на мерење на емисиите на честички (PM2,5 и PM10), озон (O3), азот диоксид (NO2), сулфур диоксид (SO2) и јаглерод моноксид(CO). Загадувањето со овие соединенија е карактеристично за атмосферата на урбаните средини.