На платформата SellCell ги објавија резултатите од нивното истражување за тоа колку вредноста на паметните телефони паѓа по нивното купување.
Според овие податоци, најмалку вредност изгубиле моделите на iPhone на Apple претставени во 2020 година.
Тие ги заземаат првите четири места на оваа листа, додека на петтото место е Google со својот Pixel 5.
iPhone 12 Pro Max на крајот на минатата година изгуби нешто повеќе од 30 отсто од својата вредност, 12 Pro загуби 33,8%, iPhone 12, за 34%, додека мини верзијата на оваа серија iPhone изгуби 43,8 % од својата вредност.
Pixel 5 на Google изгуби речиси 50% од својата вредност.