Во рамки на реконструкцијата на водоводната мрежа во с. Поешево, утре – сабота (23.08.2025), ќе се изведуваат приклучоци за уште неколку викенд-куќи.
Поради тоа, прекин во водоснабдувањето, почнувајќи од 08:00 часот па се до завршување на активностите, ќе имаат корисниците од населените места Поешево и Логоварди.














