Кепенци
среда, април 15, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
За слепченските ракописни Триоди

За слепченските ракописни Триоди

август 19, 2022
во Длабоко
138 1

На предавањето во неделата на 14 август, кое е продолжение од циклусот предавања ,,Ракописното книжевно наследство од Слепченскиот манастир“ тема беа ракописните Триоди по потекло од Слепченскиот манастир.

Во текот на предавањето се направи краток опис и презентација од дигиталниот фонд на ракописните Триоди кои потекнуваат од Слепченскиот манастир, почнувајќи од најстариот Слепченски фрагмент од Триод од 11 век, кој всушност претставува најстар зачуван кириличен фрагмент од Триодот, кој моментално се чува во Националната Руска Библиотека во Санкт Петерсбург под сигнатура F.п.I. 75, понатаму беа прикажани и опишани ракописните триоди од 12 век, 13 век, 14 век, 15 век, и 16 век, кои денес се распространети во странските библиотеки, пред се во Хрватската Академија на Науките, во Архивот на Бугарската Академија во Софија, како и во Националната Руска Библиотека во Санкт Петерсбург.

Исто така се спомна дека еден Слепченски Триод се чувал и во Народната Библиотека во Србија, но за жал бил изгорен за време на бомбардирањето на Белград на 6 април, 1941г.

При описот, меѓу другото, беше укажано и на македонската вокализација не еровите, во најстарите слепченски Триоди… како и за македонската редакција на Благовештенскиот акатист на Пресвета Богородица кој е во составот на Слепченскиот Триод, и кој денес се наоѓа во Хрватската Академија на Науките под сигн. IV a4

Слепченските ракописни Триоди се од непроценливо значење за македонското книжевно црковно наследство, бидејќи претставуваат живо сведоштво на континуитетот на духовното и просветно дело на сесловенските просветители Кирил и Методиј Солунски и нивните свети ученици на нашите простори, особено во овој наш манастир кој бил чувар на словенската писменост низ вековите и е до ден денес.

Што е Триод?

Називот Триод потекнува од старогрчиот збор Τριῴδιον, од τρεις – три + ωδή – песна, – зборник од канони, кои се состојат од три песни – т.н. Трипеснеци. Исто така карактеристични во неговиот состав се и троичните тропари (напишани од великиот учител на исихазмот Григориј Синаит, 13 – 14 в.) кои се се читаат на утрената после шестопсалмието, тоа се стихири или тропари со кои се прославува Пресвета Троица, и се практикуваат во текот на неделата за време на Великоиот Пост

Три оди -три песни
Три сили на душата
Три Ипостаси Божји…

Триодот како богослужбена книга, претставува богата ризница на богословски-химнографски материјал и своевидно училиште на благочестието кое учи на аскеза и на морално богословие. Неговата содржина се одликува со длабочина на богословските мисли и убавина на црковните химни кои кажуваат за појавата на гревот во нас, за борбата со гревот, за молитвата, за милостината, за постот, за лекувањето на душата, за преобразувањето на страстите и за многу други исклучително важни сегменти од аскетизмот.

Во составот на Триодот влегуваат химнографски творби на најголемите византиски црковни писатели како што се:
Св. Роман Слаткопевец (5-6век),
Св. Јован Дамаскин (8 век),
Св. Козма Мајумски(8 век),
Св. Софрониј (7 век),
Св. Теодор Студит(9 век)
кому, според некои истражувачи, му се припишува и составувањето на Посниот триод, неговиот брат
Св. Јосиф Студит – исповедник и архиепископ Солунски (9век),
монахиња Касијана (9 век),
Св. Симеон Метафраст (10 век),
Св. Јосиф песнописец (10 век),
Св Никифор Калист 14 век,
кога е направена и последната редакција на оваа книга.

Посен и Цветен Триод

Разликуваме Посен (Τριῴδιον κατανυκτικόν) и Цветен Триод (Пентикостар-Педесетница)

Посниот канон содржи богослужбени текстови, за четирите припремни недели кои му претходат на великиот Пост, почнувајќи од Неделата за Митарот и Фарисејот, како и за секој ден во текот на Постот, па се до Цветници (односно до Лазарева Сабота, а во поновите состави до Великата Сабота). Во него е содржан еден од најубавите канони, Покајниот канон на Св. Андреј Критски,кој е напишан со посебно вдахновение, и кој се состои од 250 тропари кои на прекрасно умешен начин се тематски поврзани со библиските песни. Некои овој канон го сметаат за една од најдобрите химнографски творби кои некогаш настанале.

Потоа овде спаѓа и Благовештенскиот акатист на Пресвета Богородица, и.т.н … и ред други прекрасни црковни химни со догматска, покајна и аскетска содржина.

ЦВЕТНИОТ ТРИОД, пак, ги содржи сите богослужби од Велигден до Недела на сите Светии. Оваа книга е наречена Цветен триод бидејќи порано содржела богослужби кои започнуваат со Цветници, односно од сабота Св. Праведен Лазар, а денес почнува од Велика Сабота.
Во Цветниот триод има богослужби на најголемите празници: Страсната Недела, прекрасниот канон на Плачот на Пресвета Богородица, службата на Велигден, (овде е и прекрасниот канон на Утрената на Пасха од Св.Јован Дамаскин), Вознесението Господово, и Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите.

Формирањето на Пентикостарот му се припишува на Јосиф Студит (†830), архиепископ од Солун, а Синаксарот за Педесетница го составил Никифор Калист (XIV век) и други синаксари од Цветниот Триод.

Што се однесува до словенскиот превод на триодот, сите истражувачи се на мислење дека тој е направен уште од времето на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици. Во науката се смета дека Посниот триод бил преведен за време на Моравската мисија (863), додека преводот на Цветниот Триод е дело на Св. Климент Охридски. Покрај преводот на Цветниот триод Св. Климент односно го средува и го редактира Посниот дел на Триодот.

Во древна Византија, кога сеуште не постоеле системски богословски школи(богословии и академии), високото богословско образование, покрај светотаинскиот живот во црквата, се стекнувало и преку непосредниот живот во црквата, т.е преку богослужбите, преку слушање на зборовите на црковните химни, преку поучните читања од делата на светите отци и аскетски писатели, преку неисцрпното богатство на нашиот иконопис…

Сето тоа било своевиден извор на богословското богопознание и образование.

Подоцна, систематските и схоластички школи, ја потиснале таа пракса, за жал, преку прифаќање на одредени западни принципи кои се одликуваат со рационално-схоластички карактер,и од кои честопати произлегуваат богослови без аскеза, што немаат личен духовен подвиг, и кои повеќе прилегаат на благоглаголиви говорници, кои од духовен аспект всушност се ,,риби безгласни,, кои не умеат да го искажат и да го пренесат она кое се спознава само преку личен духовен опит преку Духот на Вистината.

Триодот била една од најчесто препишуваните книги, а тоа се гледа од фактот што има повеќе стари сочувани ракописни Триоди, а најстар зачуван од нив е слепченскиот фрагмент од Триод, од 11 век.

Во Недела на 21. 08. 2022 година, по неделната Света Литургија која ќе почне во 6 и 30 часот, ќе се одржи следното предавање од циклусот за Иконата и нејзиниот пад, “Иконоборство”.

Ознаки: dlabokoslepcetriodiдлабокослепчетриоди
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

ЈКП Водовод Битола – За рационално користење на водата за пиење

Следна вест

Преображение во Буково

Поврзани ВЕСТИ

Православен календар 26 септември 2024
Длабоко

Православен календар 26 септември 2024

Од Editor
септември 26, 2024
0
14

https://www.youtube.com/watch?v=ksEsV5TemBc

Прочитај повеќе
Дали знаете? – Свети Наум во црквите низ Унгарија (ВИДЕО)

Дали знаете? – Свети Наум во црквите низ Унгарија (ВИДЕО)

септември 5, 2024
14
Православен келендар 5 септември 2024 (ВИДЕО)

Православен келендар 5 септември 2024 (ВИДЕО)

септември 5, 2024
14
Следна вест
Буково Преображение

Преображение во Буково

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026

Скорешно

Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
14
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
14
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
14
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist