Обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден (16 ноември) предизвикале потреба од дополнително пумпање вода од пумпната станица „Довлеџик“ до филтер-станицата во Дихово, со цел да се обезбеди нормално водоснабдување на Битола.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола информираат дека поради дефект на напојниот далновод, кој ја снабдува пумпната станица со електрична енергија, пумпите биле надвор од функција повеќе од два часа.
Поради прекинот во дотокот на вода до филтер-станицата во Дихово, дошло до нарушување на нормалното водоснабдување со чиста вода за пиење во одредени повисоки делови од градот.
Од претпријатието соопштуваат дека по нормализирањето на снабдувањето со електрична енергија, повторно е воспоставено и редовното водоснабдување со чиста и питка вода.













