Кепенци
понеделник, мај 29, 2023
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Почетна Длабоко
Блажена Ксенија Петроградска – Благодат скриена зад привид на безумие (АКАТИСТ)

Блажена Ксенија Петроградска – Благодат скриена зад привид на безумие (АКАТИСТ)

февруари 7, 2023
во Длабоко
65 1

Акатист на блажена Ксенија Петроградска – јуродива поради Христа

Кондак 1


Избрана угодничке поради Христа јуродива, света блажена мајко Ксенијо, која го избра подвигот на трпение и злопатење, пофална песна ти принесуваме почитувајќи го твојот спомен. Ти пак, заштити нѐ од видливите и невидливи непријатели за да ти воскликнеме:

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Икос 1


Равноангелски живот си барала блажена мајко, по смртта на твојот маж, ја отфрли убавината на овој свет и сѐ што е во него: желбата на очите, желбата на телото и секојдневната гордост и со јуродивство Христов ум стекна. Поради тоа, услиши ни ја пофалбата која ти ја принесуваме:

Радувај се, со својот живот си еднаква на Св. Андреј Јуродивиот заради Христа!
Радувај се, од своето име се откажа и себе мртва се нарекуваше!
Радувај се, во јуродивството името на твојот маж Андреј го прими!
Радувај се, нарекувајќи се со машко име, од женските слабости се откажа!
Радувај се, својот имот на добрите и сиромашни луѓе го подели!
Радувај се, доброволно поради Христа сиромаштвото го прифати!
Радувај се, нас нѐ научи со твоето јуродивство да се оттргнуваме од суетната мудрост на овој свет!
Радувај се, блага утешителко на сите кои со молитва ти се обраќаат!


Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 2


Гледајќи го твојот необичен живот, бидејќи го презре својот дом и секое земно богатство, роднините по тело за безумна те сметаа, а луѓето на Петроград гледајќи ја твојата смиреност, мака и доброволно сиромаштво пејаа на Бога: Алилуја!

Икос 2


Дадениот ти разум од Бога во привидно безумие го скри, живееше во суетата на големиот град како пустињак, своите молитви непрестано на Бога вознесувајќи ги. Ние се восхитуваме на таквиот твој живот, пофално воскликнувајќи:


Радувај се, тешкиот крст на јуродивство од Бога даден на своите плеќи го понесе!
Радувај се, во привидно безумие сјајот на благодатта го криеше!
Радувај се, ти која дарот на прозорливоста со крајното смирение и молитвениот подвиг го стекна!
Радувај се, својот дар го покажа за корист и спасение на страдалниците!
Радувај се, човечките страдања прозорливо во непрегледна далечина ги гледаше!
Радувај се, на добрата жена за раѓањето на синот прорече!
Радувај се, на таа жена од Бога чедо измоли!
Радувај се, секој го научи на Бога со молитва да се обраќа!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 3


Со горна сила од Бога на тебе дарувана, жестината и лутиот студ храбро го поднесе распнувајќи го своето тело против страстите и похотите. Затоа просветлена со Светиот Дух повикуваш непрестано кон Бога: Алилуја!

Икос 3


Имајќи го блажена, небото за свој покров и земјата за своја постела, поради Божјото Царство се откажа од секое угодување на телото. Гледајќи го таквиот твој живот со умиление ти повикуваме:


Радувај се, земниот свој дом на луѓето го отстапи!
Радувај се, бидејќи го сакаше небесното живеалиште, и го прими!
Радувај се, немајќи ги земните блага во сѐ духовно се збогати!
Радувај се, со својот живот на трпение нѐ научи!
Радувај се, Божјата љубов на луѓето ја покажа!
Радувај се, украсена со плодовите на благочестието!
Радувај се, трпение и незлобливост кон светот покажа!
Радувај се, наша љубезна заштитничка пред Престолот на Севишниот!


Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 4


Разбранетата бура на животот во Петроград со кротост и незлобивост ја надви Блажена мајко, и бестрастие спрема трулежниот свет стекна. Затоа и пееме на Бога: Алилуја!

Икос 4

Слушајќи за тебе како страдаш поради Христа, тажните тешејќи ги, а немоќните крепнејќи ги, заблудените на прав пат ги изведе, измачениот народ кон твојата помош дојде, славејќи те:

Радувај се, ти која Христовиот пат со сето срце го засака!
Радувај се, ти која Христовиот крст радосно го понесе!
Радувај се, секој срам на светот, телото и ѓаволот го претрпе!
Радувај се, исполнета си со Божји дарови!
Радувај се, љубов кон ближите покажа!
Радувај се, на страдалниците утеха им пружи!
Радувај се, солзите на расплачените ги бришеше!
Радувај се, со благодатта на Светиот Дух чудесно си огреана!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 5


Како од Бога водена ѕвезда се покажа твојата светост, Блажена Ксенијо, која го осветлувала хоризонтот на Петроград. Луѓето кои гинеа во безумието на гревот им го јави патот на спасението повикувајќи ги да воскликнуваат на Бога: Алилуја!

Икос 5

Гледајќи ги твоите подвизи во молитвата, трпението на мразот и жестината, благочестивите души сакаа да го намалат твоето страдање, ти носеа облека и храна. Ти пак, на сите сиромашни сето тоа го раздаваше, сакајќи да го сочуваш подвигот. Ние пак, восхитувајќи се на доброволното твое сиромаштво воскликнуваме:


Радувај се, жегата и мразот поради Христа ги поднесуваше!
Радувај се, во молитва непрестано пребиваше!
Радувај се, Петроград со ноќни бденија од несреќи го оградуваше!
Радувај се, Божјиот гнев од него многу пати го одвраќаше!
Радувај се, секој ден во годината ноќе во полето се молеше!
Радувај се, рајската сладост во духот на сиромаштвото ја вкуси!
Радувај се, за таа сладост сѐ земно остави!
Радувај се, сета во Бога пребиваш!


Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 6

Ја проповедат светоста на твојот живот, Богоблажена, сите излечени од тебе од многуте болести, беди и грижи; богати и сиромашни, стари и млади. Затоа и ние славејќи те воскликнуваме кон Бога: Алилуја!

Икос 6

Засветли славата на твоите подвизи, Блажена мајко, кога ноќта на ѕидарите на Смоленската Црква тајно камења им носеше, олеснувајќи го нивниот напор. Од тебе водени и ние грешните воскликнуваме:

Радувај се, нѐ научи тајни добра да правиме!
Радувај се, кон подвигот на благочестието сите ги повикуваше!
Радувај се, помошничке на ѕидарите на Божјите храмови!
Радувај се, црквената светост ја засака!
Радувај се, нашиот труд на патот на спасението го олеснуваш!
Радувај се, брза помошнице на оние кои кон тебе прибегнуваат!
Радувај се, блага утешителко во сите грижи!
Радувај се, небесна застапничке на Петроград!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 7

Сакајќи да го избавиш од грижа расплачениот лекар, кој жената ја погреба, заповеда на некоја девојка да побегне во Охт и таму да си најде маж, и да го утеши. Направено е така, како што прорече. Тие пак во радост кон Бога воскликнуваа: Алилуја!

Икос 7

Ново чудо од молитвата покажа, Блажена мајко, кога на благочестивата жена ѝ рече: ”Земи ја копејката, ќе се угасне”. Со тоа ѝ го прорече пожарот во нејзниниот дом. По твојата молитва пламенот на огнот се изгасна. А ние водени од тебе, воскликнуваме:

Радувај се, ублажителке на човечките грижи!
Радувај се, покажа смелост пред Бога за страдалните!
Радувај се, неизгасена свеќо, во молитвите кон Бога силно гориш!
Радувај се, застапничке во бедите и нашите несреќи!
Радувај се, спасителко на опфатените од погибелни страсти!
Радувај се, благочестивите девојки од неверен брак ги враќаше!
Радувај се, избавителке од очајот на оние кои со клевети се навредени!
Радувај се, брза заштитничке на судот на неправедните!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 8

Бездомна патничке, го помина својот животен пат во престолниот град на нашата татковина во големо трпение, поднесувајќи грижи и навреди. Сега во Горниот Ерусалим пребивајќи радосно пееш на Бога: Алилуја!

Икос 8

На сите сѐ им беше, Блажена Ксенијо: утеха на загрижените, покров и заштита на слабите, радост на тажните, облека на бедните, исцеление на болните. Поради тоа ти воскликнувам:

Радувај се, ти која живееш во горните живеалишта!
Радувај се, ти која таму за нас грешните се молиш!
Радувај се, благиот хор за служење на Бога го објавуваш!
Радувај се, покровителке на понижените и прогонетите!
Радувај се, со своите молитви православните ги застапуваш!
Радувај се, заштитничке на навредените и оние коишто се молат!
Радувај се, укрепителке на навредените!
Радувај се, ги засрамуваш неверните и исмевачите!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 9

Секакви болести претрпе Блажена мајко, сиромаштво, глад и жед, уште и навреди од безбожните луѓе кои мислеа дека си безумна. Ти на Бога упорно се молеше воскликнувајќи Му: Алилуја!

Икос 9

Благоглаголивите беседници не можеа да разберат дека ти со своето безумие во светот сето безумие го разобличи и со својата немоќ ги засрами силните и мудрите. Не ја видоа во тебе Божјата сила и Божјата премудрост. Ние пак, кои твојата помош ја примаме ти пееме:

Радувај се, Носителке на Божјиот Дух!
Радувај се, со Апостолот Павле со немоќта своја се фалиш!
Радувај се, со твоето привидно безумие светот го разобличуваш!
Радувај се, поради спасение убавината на светот ја отфрлуваш!
Радувај се, небесните блага со сето срце ги љубиш!
Радувај се, на патот на спасението нѐ повикуваш!
Радувај се, страшните гревови на пијанството ги разоткриваш!
Радувај се, бесплатен и милостив лекар на сите си била!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 10

Сакајќи да ја спасиш душата, телото свое со страстите и похотите го распна, неповратно себе се отфрли, својот крст на плеќите го положи и Христа со сето срце Го следеше пеејќи Му: Алилуја!

Икос 10

Цврст бедем и неуништиво прибежиште си на оние коишто ти се молат, мајка Ксенијо. Поради тоа заштити нѐ од видливите и невидливи непријатели по своите молитви за да ти речеме:

Радувај се, нас на духовен подвиг нѐ поттикнуваш!
Радувај се, ти која од демонските замки нѐ избавуваш!
Радувај се, ти каден темјане на Бога принесен!
Радувај се, ти која мирот Божји во човечките срца го носиш!
Радувај се, ти која духот на злобата во озлобените го усмртуваш!
Радувај се, ти која на кротките деца благослов им даваш!
Радувај се, со тајната молитва од болеста нѐ исцелуваш!
Радувај се, на озлобениот свет Божјата мудрост ја покажуваш!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 11

Пофална песна ти принесуваат, Блажена Ксенијо, оние коишто со Твоите молитви се спасени од беди и грижи и сите напасти и заедно со тебе радосно воскликнуваат на Бога: Алилуја!

Икос 11

Осветлен со светлина се покажа твојот живот, Света мајко, која ги осветлува луѓето во овој животен мрак. Ти паднатите во провалијата на гревот ги избави и кон светлината Христова го насочи нивниот живот. Затоа ти говориме:

Радувај се, православните со Божјата светлина ги просветлуваш!
Радувај се, Христова угодничке која во небесниот свет си живеела!
Радувај се, во многуте маки голема благодат си стекнала!
Радувај се, во темнината на гревот со Божјата благодат светиш!
Радувај се, на очајните рака на помош им пружаш кон патот на спасението!
Радувај се, слабите во верата ги закрепнуваш!
Радувај се, духовите на злобата ги засрамуваш!
Радувај се, ти која со својот живот ангелите ги восхити!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 12

Изливаш изобилна благодат, Блажена Ксенијо, на оние коишто го почитуваат твојот спомен и притекнуваат кон твојот покров. Поради тоа и нас, кои на тебе се молиме источи ни од Бога река на исцеленија, за да воскликнеме: Алилуја!

Икос 12

Пеејќи за многуте твои чудеса, Блажена мајко те славиме и усрдно молиме: не нѐ оставај грешните во грижите, но помоли го Господ на силите да не отпаднеме од православната вера, туку во неа со тебе да се утврдуваме и воскликнеме:

Радувај се, нѐ научи да сострадуваме со страдалниците!
Радувај се, нашите немоќи усрдно ги прими!
Радувај се, нѐ научи на распнување на телото со страстите и похотите!
Радувај се, покровителке и посредничке на оние коишто го почитуваат твојот спомен!
Радувај се, тешкиот пат го помина!
Радувај се, со тоа се разубави за вечното спасение!
Радувај се, ги утешуваш оние коишто на твојот гроб се поклонуваат!
Радувај се, непрестано се заземаш за спасение на нашата земја!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 13

О, света блажена мајко Ксенијо, во твојот живот тешкиот крст го понесе. Прими го од нас грешните молењето кое ти го принесуваме. По твоите молитви заштити нѐ од замките на духовите на темнината и сите оние коишто зло ни мислат. Замоли го Седарежливиот Бог да ни даде сила и крепост за да секој од нас го зеде својот крст и појде по Христа пеејќи со тебе: Алилуја!

О, света блажена мајко Ксенијо, во твојот живот тешкиот крст го понесе. Прими го од нас грешните молењето кое ти го принесуваме. По твоите молитви заштити нѐ од замките на духовите на темнината и сите оние коишто зло ни мислат. Замоли го Седарежливиот Бог да ни даде сила и крепост за да секој од нас го зеде својот крст и појде по Христа пеејќи со тебе: Алилуја!

О, света блажена мајко Ксенијо, во твојот живот тешкиот крст го понесе. Прими го од нас грешните молењето кое ти го принесуваме. По твоите молитви заштити нѐ од замките на духовите на темнината и сите оние коишто зло ни мислат. Замоли го Седарежливиот Бог да ни даде сила и крепост за да секој од нас го зеде својот крст и појде по Христа пеејќи со тебе: Алилуја!

Икос 1

Равноангелски живот си барала блажена мајко, по смртта на твојот маж, ја отфрли убавината на овој свет и сѐ што е во него: желбата на очите, желбата на телото и секојдневната гордост и со јуродивство Христов ум стекна. Поради тоа, услиши ни ја пофалбата која ти ја принесуваме:

Радувај се, со својот живот си еднаква на Св. Андреј Јуродивиот заради Христа!
Радувај се, од своето име се откажа и себе мртва се нарекуваше!
Радувај се, во јуродивството името на твојот маж Андреј го прими!
Радувај се, нарекувајќи се со машко име, од женските слабости се откажа!
Радувај се, својот имот на добрите и сиромашни луѓе го подели!
Радувај се, доброволно поради Христа сиромаштвото го прифати!
Радувај се, нас нѐ научи со твоето јуродивство да се оттргнуваме од суетната мудрост на овој свет!
Радувај се, блага утешителко на сите кои со молитва ти се обраќаат!

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Кондак 1

Избрана угодничке поради Христа јуродива, света блажена мајко Ксенијо, која го избра подвигот на трпение и злопатење, пофална песна ти принесуваме почитувајќи го твојот спомен. Ти пак, заштити нѐ од видливите и невидливи непријатели за да ти воскликнеме:

Радувај се блажена Ксенијо, молитвеничке за нашите души!

Молитва кон Светата Блажена мајка Ксенија Петроградска

О, света блажена мајко Ксенијо! Ти под засолништето на Севишниот живееше, пратена и закрепната од Богомајката, претрпувајќи глад, жед, мраз, жештина, навреди и гонења. Доби дар од Бога на прозорливост и чудотворство и под заштита на Семоќниот покој најде. Сега Светата Црква како миомирисен цвет те прославува. Стоејќи на местото на твојот погреб пред твојот свет лик, како жива, која си со нас, ти се молиме: прими ги нашите молитви и принеси ги пред Престолот на Милосрдниот наш Отец небесен, имајќи смелост пред Него измоли вечно спасение на оние коишто кон тебе притекнуваат, дарежлив благослов за добрите наши дела и намери и избавување од сите грижи и беди. Застапи се за нас со светите твои молитви пред престолот на Семилостивиот наш Спасител, за нас недостојните и грешните.

Помогни ни Света блажена мајко Ксенијо, децата со светлината на крштението да се осветат и со печатот на Светиот Дух да се запечатат, момчињата и девојките во верата, честитост и богобојажливост да се воспитуваат и успех во учењето да имаат; болните и слабите да се исцелат; семејна љубов и слога испрати; монасите удостој ги со добар подвиг да се подвизуваат и од навреди огради ги; пастирите во крепоста на Светиот Дух зацврсти ги; нашиот народ и земјата во мир и спокојство сочувај ги и сожали се на оние кои во предсмртниот час се лишени од Светите Христови Тајни. Ти си надеж, брзо услишување и избавување и тебе благодарсност ти вознесуваме и со тебе Го славиме Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Втора молитва

Блажена мајко Ксенијо, прими ја оваа пофална песна од нас недостојните, сличните не на тебе туку на твојот маж Андреј во сѐ: од разврат, пијанство, среброљубие, немарност спрема вечното спасение и нечувствителност на Божјото предупредување и благост. И како што после смртта не го осуди и замрази, туку знаејќи каков подвиг е потребен за таква душа да се молиш, подвиг на јуродивство зеде, облекувајќи се во неговите алишта, себеси мртва се нарекуваше, а него жив, за да така барем го удостоиш на Божјата милост.

Така и нас Несебична, погледни и слушни ги нашите зборови: недостојни за небото и земјата, целите потчинети на гревот, незаштитени од нашите Ангели кои отстапија, недостојни на Божјиот Престол да помислиме, ти сочувствителна Ксенијо, надеж наша, од дното на очајанието нѐ подигаш и правиш да го направиме она што сеуште можеме; слушајќи од оние кои копејка ти дадоа, таа како благодат на нив им се врати, го направивме овој мал спомен на тебе од нашиот вишок, сакајќи и со другите да го поделиме. Смилувај се на нас бедните во секој поглед, Милостива, по твоите молитви дај ни олеснување на бремето на нашите прегрешенија и со смелост најпрво да го бараме своето отрезнување. Дај ни ја Подвижничке, помислата на смртта и стравот Божји да се вкорени во нас. Од вртежот на страстите, уживањата и разните светски опседнатости подигни нѐ. Чудотворко, направи да и ние непотребните од лево да свртиме на десно и заедно со православните браќа да доживееме дел од осветленоста на повиканите на Божествената Тајна Вечера.

Слушајќи за твојата голема милост, ние нескромните те молиме и за сите наши пријатели и за сите души кои во овој живот се изгубија и се предадоа себеси на светските соблазни во сенката на заборавот: демонската музика, дрогата, модата, непотребните науки и лажни учители, идеологијата, политиката и разните идоли. Сите како заблудени не наоѓајќи им вина, побарај и замоли од Добриот наш Пастир со тебе водени и со заземањето на Благословената наша Владичица Богородица да почувствуваат радост на преумување и нов живот.

И сите нас, секогаш смирена, научи нѐ на твојот подвиг на самозаборав и незнаење. Бидејќи навистина е приказната за нашиот Господ дека благослов од Отецот примаат и наследници на Царството постануваат само оние коишто заборавиле и не знаат кога и што добро и пофално направиле.

Знаеме дека нема да ја засрамиш надежта што во тебе ја положивме, туку умножи го твоето застапништво уште многумина со тебе заедно во сите денови на својот живот да Го слават Отецот и Синот и Светиот Дух сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Тропар

Засакувајќи го сиромаштвото заради Христа, сега се насладуваш на бесмртната трпеза, со привидното безумие безумието на светот го изобличи, со смирението крстната Божја сила ја прими. Поради тоа стекна дар на чудотворна помош, Ксенија блажена, моли Го Христа Бога да нѐ избави од секое зло преку покајанието.

Крај, слава и пофалба на Бога!

Превод од руски 
Сестринството на Слепченскиот Манастир

Ознаки: dlabokoksenijasvetaдлабоко
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Ангела Лавровска – Талентот мора да ги надмине стравот и срамот

Следна вест

Фолклорот е нашето најголемо богатство – Милан Завков (1962-2023)

Поврзани ВЕСТИ

Една метанија една солза – Длабок поклон на покајание
Длабоко

Една метанија една солза – Длабок поклон на покајание

Од Editor
март 3, 2023
0
511

Верниците од Православна вероисповед започнаа да се подготвуваат за најсветлиот, најголемиот, и најрадосниот празник Христово Воскресение- Велигден. Празник на кој...

Прочитај повеќе
Сириските Светители Ефрем и Исаак

Сириските Светители Ефрем и Исаак

февруари 10, 2023
133
Светиклиментовa поука за денот на зачетието на Пресвета Богородица

Светиклиментовa поука за денот на зачетието на Пресвета Богородица

февруари 7, 2023
414
Следна вест
Фолклорот е нашето најголемо богатство – Милан Завков (1962-2023)

Фолклорот е нашето најголемо богатство - Милан Завков (1962-2023)

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

ноември 22, 2022
Ќе ти купам нова капела, да бидиш најлична во Битола! – нова серенада на Милениум

Ќе ти купам нова капела, да бидиш најлична во Битола! – нова серенада на Милениум

јануари 18, 2023
Битолска коњаница – од ентузијазам кон традиција

Битолска коњаница – од ентузијазам кон традиција

јули 20, 2022
Повик од пустината – кога тогаш е сега

Повик од пустината – кога тогаш е сега

јули 21, 2022
Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

мај 24, 2023
Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

мај 19, 2023
Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

мај 15, 2023
Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

мај 14, 2023

Скорешно

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

мај 24, 2023
422
Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

мај 19, 2023
411
Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

мај 15, 2023
551
Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

мај 14, 2023
441
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • Реклама
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Sign In with Facebook
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Sign Up with Facebook
OR

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist