Во рамки на месецот посветен на водите, денеска беше реализирана едукативна презентација со цел подигнување на свеста за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.
Учениците имаа можност да се запознаат со целиот процес на водоснабдување – од зафатот на сирова вода, преку нејзината обработка и прочистување, до дистрибуцијата до домаќинствата. Воедно, тие се информираа и за начинот на кој се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни лабораториски анализи.
Организаторите истакнаа дека ваквите активности имаат за цел да придонесат кон поголема еколошка свесност кај младите, особено во делот на заштитата и рационалното користење на водните ресурси.
Пораката што беше упатена е јасна – водата е непроценливо природно богатство кое треба одговорно да се користи и зачува за идните генерации.


























