Екипите на ЈКП Водовод Битола интензивно работат на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Даме Груев – крак 1 и 2, во населбата Мал Париз, во Битола.
Во рамки на активностите се врши целосна замена на старата водоводна мрежа со нова, современа полиетиленска мрежа, како и изведба на нови приклучоци за домаќинствата.
Од јавното претпријатие информираат дека со оваа интервенција се очекува значително подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето, како и порамномерна и непречена испорака на вода за жителите од овој дел на градот.
ЈКП Водовод Битола, како што посочуваат, продолжува со засилено темпо на терен, со цел унапредување на инфраструктурата и подобрување на услугите за граѓаните.


















