Поради дефект на водоводна линија со профил ПВЦ ф225, денеска (27 април, понеделник) без вода ќе останат корисниците на потегот од Терминал до граничниот премин Меџитлија.
Од надлежните информираат дека водоснабдувањето е прекинато од 06:00 часот, а водата ќе биде исклучена сè до целосно санирање на дефектот.
Се апелира до граѓаните од погодениот реон за трпение и разбирање додека траат активностите за нормализирање на водоснабдувањето.
















