Поради санација на водоводната мрежа, утре (15 април 2026, среда) дел од граѓаните ќе останат без вода.
Како што информираат надлежните, без водоснабдување ќе бидат корисниците од улица 16-та, на потегот од Макабо до Бурса, како и дел од улица Бурса – од базата на „Гранит“ до Новачки пат.
Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на активностите за реконструкција.
Од надлежните апелираат за разбирање кај граѓаните.
















