Компанијата Гугл ја претстави новата платформа „Џемини Интелиџенс“, која носи напредни можности за автоматизирано извршување задачи на андроид уредите, но функцијата нема да биде достапна за сите корисници.

Според официјалните информации, поддршка ова лето ќе добијат само новите модели „Пиксел 10“ и „Самсунг Галакси С26“, додека се очекува да пристигне и кај претстојните преклопни уреди на Самсунг.

Причината се строгите технички барања. За користење на системот потребни се најмалку 12 гигабајти работна меморија, поддршка за напредни модели на вештачка интелигенција, моќен процесор и долгорочна софтверска поддршка.

Ова значи дека дури и дел од сегашните премиум андроид уреди нема да можат да ја користат новата технологија, а Гугл засега не открива дали листата на поддржани уреди ќе се прошири во иднина.

















