Американската вселенска агенција НАСА ја менува стратегијата за програмата „Артемис“. Наместо слетување на Месечината, мисијата „Артемис 3“ ќе биде насочена кон тестирање клучни технологии за идните патувања во длабоката вселена.

Според новите планови, леталото „Орион“ со четиричлен екипаж ќе остане во ниска орбита околу Земјата, каде ќе се тестира координацијата со повеќе вселенски системи.

Мисијата ќе вклучи проверка на системите за животна поддршка, снабдување со кислород и вода, како и прво демонстративно дополнување гориво меѓу две летала во орбита – технологија клучна за идните мисии кон Марс.

Во тестирањата ќе бидат вклучени и системите на компаниите „Спејс Икс“ и „Блу Ориџин“, кои развиваат летала за идни месечеви слетувања. НАСА потврди дека првото човечко слетување на Месечината во рамки на програмата сега е одложено за мисијата „Артемис 4“, планирана за 2028 година.

















