ЈКП „Водовод“ – Битола ја продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа во рамки на инфраструктурните активности од БРЛ 4. Во тек се работите на улица „150-та“, со што започна последната фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа на комплексот улици „150-та“, „170-та“ и „210-та“.
Од претпријатието велат дека по завршувањето на работите ќе биде целосно заокружена реконструкцијата во овој опфат. Со проектот се очекува да се подобри сигурноста и квалитетот на водоснабдувањето за жителите од овој дел на Битола.













