Утре, 17 септември, поради дефект на челична водоводна цевка Ф-300, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од зградите „Ремо“, „Васко Карангелевски“ на броевите 64 и 85, како и за објектот „Веро“.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола информираат дека прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на активностите за санација.
При изведувањето на работите можно е оштетување на велосипедската патека, која по завршувањето на санацијата ќе биде вратена во првобитната состојба.
Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.













