ЈКП „Водовод“ – Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Христо Ботев“. Активностите ќе продолжат до целосно завршување на предвидената делница, со цел подобрување на водоснабдувањето за жителите во овој дел од градот.
Од претпријатието информираат дека во завршна фаза е и реконструкцијата на улицата „150-та“. Во наредниот период се очекува да започнат активности и на делови од улиците „Дебарска“ и „Студентска“.













