ЈКП „Водовод“ – Битола, во соработка со Општина Битола, ќе реализира пилот-проект за модернизација и дигитализација на водоснабдителниот систем, во рамки на меѓународниот проект WATERVILL – Interreg Euro-MED.Предложениот пилот-проект е прифатен, а неговата реализација се очекува во текот на 2027 година.Активностите се надоврзуваат на досегашното унапредување на SCADA системот, проширувањето на мониторингот и воведувањето нови мерни и контролни точки. Предвидено е и воведување автоматизирани постројки за следење и контрола на квалитетот на водата.Во рамки на проектот, преку соработка со меѓународни партнери и универзитети, се очекува размена на знаења и искуства, како и примена на современи европски технологии и практики.Целта на активностите е унапредување на водоснабдителниот систем и негово насочување кон поголема ефикасност и одржливост.

















