Кепенци
недела, мај 31, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Анализа: СПЦ и Цариград се координирани за признавањето на МПЦ?

Анализа: СПЦ и Цариград се координирани за признавањето на МПЦ?

мај 12, 2022
во КАЖИ!
138 1

Рускиот Интернет Портал „православие.ру“ кој е гласило на Руската Православна Црква, објави изјави на бугарски и руски владици кои велат дека – и Руската и Бугарската Црква се усогласени во ставот, дека статусот на Македонската Црква може да го реши само Српската Црква.

Во продолжение интегралниот текст објавен на порталот:

САМО СРПСКАТА ЦРКВА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СТАТУСОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА, ВЕЛАТ БУГАРСКИ И РУСКИ ЦРКОВНИ ПРЕТСТАВНИЦИ

Во понеделникот, Светиот Синод на Цариградската Патријаршија реши да влезе во единство со Македонската Православна Црква (МПЦ), под името „Охридска Архиепископија”.

Според одлуката на Синодот, сега зависи од Српската Православна Црква да го реши својот однос со МПЦ, која е препознаена како расколничка од православниот свет откако се одвои од Српската Црква во 1967.

Само три дена пред Цариградскиот Синод да ја донесе одлуката, српскиот Епископ Фотиј од Зворник и Тузла, откри дека српска делегација предводена од Неговата Светост Патријархот Порфириј, неодамна имала продуктивна средба со делегација од МПЦ и дека постои надеж дека МПЦ може да се врати во канонско единство со СПЦ во најскоро време – на Епископскиот Собор закажан за овој месец.

Различни медиуми објавија статии шпекулирајќи дали – Српската Црква заеднички соработува со Цариград и ќе објави прифаќање на новата одлука; или пак обратно – дека Цариград ја претекна Српската Црква и упадна пред можноста таа да ѝ даде автокефалност на МПЦ, проценувајќи ја својата чест и привилегии како првопрестолна црква во православието, со ексклузивно право да носи одлуки кои влијаат врз целата Православна Црква (Православието).

Како и да е, Српската Црква допрва треба да ги соопшти своите позиции, додека Синодот на МПЦ пак, соопшти дека разговорите со СПЦ ќе продолжат, се до решавање на конечниот статус.

Во меѓувреме, претставници на Бугарската и Руската Црква ги обзнанија своите позиции. МПЦ првично, уште пред да се обрати до Цариград, во ноември 2017 апелираше до Бугарската Црква да ја преземе улогата на „Мајка Црква“ и да помогне во решавањето на нејзиниот канонски статус пред останатиот православен свет.

Бугарскиот Синод одговори позитивно, но подоцна се повлече откако јасно се виде дека Грчката, Српската и Цариградската Црква му се налутија. МПЦ и македонските политичари потоа почнаа да се обраќаат кон Цариград (Константинопол).

Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Ловчански Гаврил, еден од најавторитетните владици на Бугарската Православна Црква коментираше за бугарската агенција БНТ, дека последниот потег на Цариград може „да донесе уште повеќе неволји во православниот свет“.

Митрополитот Гаврил, непоколебливо застана зад канонаската Украинска Православна Црква, против неволјите кои мешањето на Цариград ги предизвика последните неколку години.

Тој изјави :

„Не знам што ќе се случи; не знам како Српската и другите Цркви ќе реагираат, но ова е прилика уште повеќе да се продлабочи расколот. Македонската Православна Црква беше под јурисдикција на Српската од 1920те и тоа е признаено од сите православни цркви ширум светот. Оттука, според правилата и каноните, Српската Православна Црква го има правото да даде автокефалност на Македонската Православна Црква или тоа да се направи на Сѐправославен Собор. Всленската Патријаршија нема поголемо право од било која друга православна црква”- нагласи бугарскиот Владика Гаврил. Тој исто така не се согласува со идејата дека црквата во Македонија е историски наследник на древната Охридска Архиепископија. „Ако се согласиме со тоа, тоа ќе значи дека ќе изгубиме голем дел од нашата црковна историја”.

Двајца претставници на Одделот за надворешни односи на Руската Црква исто така ја коментираа одлуката на Цариград.

Во понеделникот, Протоерејот Игор Јакимчук, секретар за интер-православни односи, за РИА Новости изјави дека Руската Црква ќе ја следи Српската по ова прашање:

„Позицијата на РПЦ е пред сѐ да го земе предвид пристапот на Српската Црква кон ова прашање, затоа што ние сѐ уште признаваме дека таа има ексклузивно канонско право во Македонија“

Протоерејот Николај Балашов, кој е заменик претседател на Одделот за надворешни односи на РПЦ, за ТАСС коментираше:

„Цариградската патријаршија, како што тоа беше со случајот на Украина, уште еднаш реши да делува како единствен самоназначен арбитер на судбината на целиот православен свет, како единствен и непогрешлив судија за сите црковни прашања, вршејќи голема анти-канонска и политички мотивирана инвазија врз компетенциите на Српската Православна Црква.

Како и да е, компетентна одлука за статусот на Православната Црква во Македонија, единствено може да биде донесена од Српската Патријаршија преку нејзиниот Епископски Собор. Секоја одлука донесена без учество на СПЦ нема да биде признаена од РПЦ. Се надевам дека другите помесни цркви исто така нема да ја признаат.”

И Митрополитот Леонид од Клин, кој е на чело на контроверзниот Африкански Егзархат на РПЦ излезе со свое соопштение во кое вели дека „со признавањето на Македонската Црква, Цариград продолжува да прави поделби во православниот свет”.

“Со својата опсесивна упорност, Патријархот Вартоломеј се обидува да го наметне своето право на предимство (читај:егоцентризам) и да ги убеди оние кои малку ја разбираат меѓународната агенда на Црквата. Фанар во чекор ги следи тековите на западната политика, уништувајќи на патот сѐ што било создавано со векови почивајќи врз рамнотежа на верата со општоприфатените духовни, морални и етички аспекти.

Јасно е дека неговите потези немаат ни најмала независност и се диктирани од желбите на оние кои долгорочно си поставиле за цел, убивање на Православието преку негова изолација од светскиот координативен систем. Сите одлуки кои повлекуваат далекусежни последици кон Едната Света Соборна и Апостолска Црква треба да бидат донесени заеднички од сите помесни православни цркви. Патријархот Вартоломеј за своите постапки ќе одговара пред Бога“.
– обвини Митрополитот Леонид

Леонид од Клин2

– Вакви изјави беа очекувани од МПЦ, вели Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј:

„Секако има некои цркви кои нема да се согласат. Затоа ние бараме начин како да бидеме признаени од сите, а не само од поедини православни цркви.Тоа е наша желба и наша молитва”.

Ознаки: analizakazimpcspcанализакажимпцспццариград
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Македон – златно дете, злато носи

Следна вест

Девет животи и сто табиети

Поврзани ВЕСТИ

ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ
КАЖИ!

ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Од Editor
мај 27, 2026
0
14

Оземпик за кратко време прерасна од терапија за дијабетес тип 2 во еден од најпознатите лекови во светот, особено поради...

Прочитај повеќе
Писменост на хартија, неписменост во пракса

Писменост на хартија, неписменост во пракса

мај 24, 2026
14
КОРТИЗОЛОТ КАЈ ЖЕНИТЕ

КОРТИЗОЛОТ КАЈ ЖЕНИТЕ

мај 22, 2026
14
Следна вест
Девет животи и сто табиети

Девет животи и сто табиети

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

мај 29, 2026
ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

мај 28, 2026
КИВИТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ЗА ПОДОБАР ПРИТИСОК И ВАРЕЊЕ

КИВИТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ЗА ПОДОБАР ПРИТИСОК И ВАРЕЊЕ

мај 27, 2026
ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

мај 27, 2026

Скорешно

Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

мај 29, 2026
14
ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

мај 28, 2026
14
КИВИТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ЗА ПОДОБАР ПРИТИСОК И ВАРЕЊЕ

КИВИТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ЗА ПОДОБАР ПРИТИСОК И ВАРЕЊЕ

мај 27, 2026
14
ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

мај 27, 2026
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist