Сите мачки се убави на свој уникатен начин, а покрај изгледот, многу раси имаат и други привлечни аспекти, како темперамент, разиграност и интелект. Но сепак, постојат раси на мачки кои се издвојуваат од другите.
За денес одбравме неколку видови на мачки и нивните карактеристики.
Абисиниска мачка
Мачка со средна големина на раст која доаѓа во широк спектар на прекрасни бои. Тие сакаат да бидат околу луѓе и имаат тенденција да се приврзат кон нивните сопственици. Тие се исклучително интелигентни животни кои се многу љубопитни за нивната околина.
Бенгалска мачка
Навистина неверојатно убава мачка, со карактеристично дамкаво крзно кое потсетува на дивото потекло на расата. Расата е развиена со вкрстување на азиска леопардска мачка со домашна мачка. И покрај овој див изглед, овие мачки се мили, слатки и нежни миленичиња кои силно се поврзуваат со своите сопственици, иако тие се секако поактивни и поатлетски од просечната домашна мачка.
Бирман мачка
Со нивните изразито долги и нежни влакна овие мачки се посакувани во целиот свет. Обично се бели но ги има и во други сивкасти бои. Тие се многу приврзани животни кои успеваат да бидат блиски со нивните сопственици и не уживаат да бидат оставени сами. Иако тие се генерално тивки и послушни животни, сепак се доволно разиграни и активни да ви направат доволно проблеми ако ги оставите сами.
Бомбајска мачка
Краткокосиот Бомбај има прекрасно млазно црно крзно со впечатливи зелени очи што ги прави една од најубавите раси на мачки. Нивниот темепрамент од разиграност, љубопитност и дружељубивост ги прави перфектни миленици посебн за деца. Негативна страна би можело да се каже дека им е хиперактивноста па понекогаш ако не им обрнувате внимание може да ви настрада мебелот.
Егзотични кратковлакнести мачки
Овие мачки се на некој начин верзија на персиската раса со тоа што и имаат голема сличност покрај со темпераментот туку и физичкиот изглед особено лицето. Разликата е во тоа што овие се на некој начин кажано со подебело крзно без посебни потреби за дотерување и средување. Сепак ги прави совршени за идеални домашни услови посебно ако имате недостаток на перници.
Хималајска мачка
Прекрасната хималајска раса е развиена со вкрстување на персиска со сијамска. Тие се разиграни и приврзани мачки кои добро се согласуваат со децата и се врзуваат за нивните сопственици, но можат да бидат срамежливи и претпазливи за странци. Иако тие се претежно послушни животни, понекогаш се разиграни и одлично се согласуваат со другите мачки и домашни миленици.
Мачките Мејн Кун
Често нарекувани како нежни џинови на светот на мачките, овие масивни мачки се навистина впечатлива раса. Со нивното меко крзно и големи димензии можат да бидат застрашувачки, но се една од најомилените раси посебно а љубителите на ретки видови на раси на мачки. Тие се многу интелигентни и дури можат да бидат обучени да одговорат на нивните имиња. Интересно е тоа што се видови на мачки кои не бараат многу внимание, а единствено меѓу мачките уживаат да бидат во вода.
Персиска мачка
Персиската е една од најпопуларните раси на мачки во светот и поради многу добри причини. Тие имаат прекрасно, меко крзно и лежерен, лесен темперамент што ги прави идеални за деца. Тие се исто така многу приврзани животни кои сакаат да бидат покрај нивните сопственици и ја задржуваат својата разиграност како маче се до зрелоста.