Кепенци
среда, ноември 12, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Ангела Плушковска – Сите ни ветуваат иднина, ама што правиме со сега?

Ангела Плушковска – Сите ни ветуваат иднина, ама што правиме со сега?

декември 31, 2022
во Анфас
46 1

Денес младите сите ги критикуваат за незаинтересиранот, апатичност, безволност, па дури и мрзливост. Но, дали некој до сега директно ги прашал – кој им е проблемот и која е причината за таквото однесување.

Ангела Плушковска е се уште средношколка, има 17 години и се обидува да биде активна за да преземе нешто за себе и за состојбата на своите врсници. Таа е една од младите на кои им е смачено, сите постојано да им ја ветуваат иднината, додека никој не им кажувашто да прават во сегашноста. За желбите, очекувањата и проблемите на младите во последното Анфас-интервју за 2022 година, разговаравме со Ангела Плушковска, претставник на битолските деца кои постојано бараат внимание од општеството.

Која е Ангела Плушковска за битолчани?

– Јас сум Ангела Плушковска,имам 17 години и учам во ОСМУ Др Јован Калаузи на насоката фармацевтски техничар. Работи кои ме прават среќна се пиењето кафе на Широк Сокак и поминување време со моите најблиски. Пиењето кафе, кaко причина за дружење ме исполнува и обожавам кога сум на Широк Сокак со мојот круг на пријатели, повеќето ме знаат и по тоа. Исто ме прави среќна и праксата која ја имам во аптека каде гледам целосно да се посветам.

Што мислите за младинскиот активизам во Битола?

– Сметам дека нивото на младинскиот активизам во Битола е многу ниско. Мислам дека тоа е поради недоволната информираност кај младите за можностите кои им се нудат да се активираат. Ние сите како индивидуалци можеме да се потрудиме за да се зголеми нивото на младинскиот активизам во Битола, но тука исто така имаат клучна улога и институциите како и невладините организации. Важна е меѓусебната соработка, разбирањето и заедничката работа, можности кои многу малку допираат до младите денес.

Ајде малку да ве доближиме до публиката. Презентирај ја моменталната структура на Младинскиот Совет, кои сте и што сте?

– Локалниот Младински совет има девет члена кои се избрани од страна на Собранието за млади. Мандатот на ЛМС е две години. ЛМС е сериозна организација која има право да предлага точки на дневен ред до Советот на Општина Битола, но и се она што е во интерес на младите во нашиот град. Но, во пракса е поинаку…

Потпретседател сте на младинскиот совет во Битола. Дали сметате дека вашата видливост треба да се подобрува заедно со вашите активности и колку влијание има тоа во вашиот средношколски живот?

– Секако дека видливоста треба да се подобрува секојдневно. Ние сме релативно младо тело кое постои нецела година. Активностите треба да се усогласуваат и да бидат во согласност со потребите на младите во случајот, ако ме прашувате за средношколците на кои и јас припаѓам. Првата година работевме на тоа да го промовираме ЛМС како тело кое се залага за младите, за тие така и да го препознаваат. Мислам дека во последните неколку месеци имаме извесен успех со тоа.

Сметате дека треба попрецизно да се уреди средношколското организирање, за гласно и јасно да се чуе гласот на младите?

– Средношколското организирање кај нас формално значи: Функционални младински заедници во рамките на училиштата, соработка со наставниците/професорите и стручните служби, соработка со поширок круг на луѓе, а сега прво и најважно соработка со Локалниот младински совет. Но во пракса сите како за забораваат дека се работи за живи луѓе, вистински личности со свои потреби, очекувања и проблеми.

Според тебе, кој се најголемите проблеми на средношколците знајќи дека се уште сте средношколка?

– Според мене најголем проблем е тоа што ние како средношколци сме многу тивки -нашиот глас не може никако да допре до повозрасните, а доколку се потрудиме да го искажеме нашето мислење, тоа е потценето и се смета за помалку вредно и неважно.

Дали средношколците се идентификуваат со Младинскиот совет во Битола?

– Според мене, средношколците се уште не се идентификуваат со ЛМС. Потребно е, според мене, време кое треба да помине, да се остави трага со одредени активности, да се стекне доверба и да се сочува, за младите што повеќе да го запознаваат ЛМС и самите да пристапуваат кон членовите за заедничко реализирање на идеи, активности, настани и сл.

Онлајн настава или во живо?

– Да бидеме реални, поголем дел од децата сакаат да бидеме онлајн, подобро ни е во кревет, по пижами и со лаптопот пред нас, отколку да одиме на училиште, меѓутоа ние како медицински лица (такво е моето училиште) не смееме да си го дозволиме тоа, бидејќи сепак во иднина здравјето на луѓето ќе зависи од нас, поради тоа ние како идни здравствени работници мораме физички да бидеме присутни за да го зголемиме нашето знаење преку практична и теоретска настава. Факт е дека повеќе ќе го збогатиме нашето знаење на таков начин, директно, а не онлајн.

Професорите повеќе ја владеат дигиталната технологија или младите?

– Факт е дека младите побрзо можат да се вклопат со промените така што секој нов тренд, секоја нова иновација, е полесно да ја сфатат помладите отколку постарите. Дигиталните вештини се повеќе развиени кај младите отколку кај повозрасните и често се случува учениците да ги манипулираат професорите, кои не можат да се снајдат во модерните околности.

Луѓето ве запаметија како едно од лицата кои многу се ангажираа околу кампањата „Royal Prom”, иако тогаш бевте далеку од матурантка. Што мислите за таквиот вид на младински активизам за размрдување на младите во нивниот простор – на Интернет ?

“Royal Prom” почна како нешто ново и непознато, и морам да признаам дека на почетокот имаше доза на скептицизам кај младите кои денес, како да се навиканти да бидат лажени и  злоупотребени, па на сѐ гледаат со резерва и со недоверба.

Но излезе дека оваа младинска кампања фокусирана исклучиво кон матурантите како целна група, е многу искрена и непосредна и навистина има за цел да ги испочитува генерациите кои (со право) се чувствуваат запоставени од целото општество. Соработката со Младинскиот совет беше полн погодок, и сите заедно се почувствуваме вреднувани, со достојно внимание и за првпат, отворена грижа за потребите и очекувањата на младите. Особено е важно што со матурантите од 2022 година се работеше за т.н. ковид генерација „деца” кои во изолација влегоа на 15-16 години, а од неа излегоа како полнолетни граѓани, збунети и несигурни без никој да им подаде рака.

Јас останувам доследна на идејата на „Royal Prom” и за 2023 година и едвај чекам и самата да сум матурант во 2024 па да бидам активен учесник во кампањата. Во меѓувреме ќе правам сѐ што е во моја моќ, оваа акција да успее, да заживее и да стане традиционална не само во Битола туку и во цела Македонија.

Каде планирате да го продолжите образованието?

– Денес има голем избор на факултети од секаков профил, но јас планирам моите студненски денови дa ги започнам во Скопје. Таква е мојата желба, па ќе видиме.

Ако сте министер за образование, што би направиле прво за средношколците?

Најпрво би направила средношколски унии во секој град во Македонија, преку кои гласот и барањата на секој еден средношколец ќе биде слушнат. Па потоа ќе се трудам и работам на тоа истите тие барања да станат реалност. Исто така ќе се потрудам да го ставиме акцентот на важноста на средношколците, колку се тие влијателни за нашата иднина. Како и да се зголеми нивото на младинскиот активизам.

Каква порака сакате да им пренесите на вашите соученици?

– Да си ги бараат своите права на било кое место и во било кое време, да не дозволат да нè гледаат како потрошен материјал, како средство, како алатка, да се трудат и да вложуваат во самите себе, бидејќи секој труд вреди и кога тогаш ќе се исплати. Што поскоро младите  треба да започнат со промените, самите со свои сили и успехот побрзо ќе дојде на нивниот праг.

Како млад човек како гледате на кепенците (како метафора) во Битола, се отвораат или повеќе се затвораат?

– Се додека има луѓе во градот кои се трудат и прават нешто за младите кепенците ќе се отвораат

Што би посакале од Дедо Мраз за Нова Година?

– Пред се здравје, среќа, радост, љубов и мир, а потоа и …. карта за Италија

Ознаки: anfasанфас
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Звонко Танески – Во приказните пред спиење се крие темелот кој ќе нѐ сочува кога е најтешко

Следна вест

Тој што верува не умира! – Владимир Костов (1932-2023)

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест

Тој што верува не умира! - Владимир Костов (1932-2023)

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
14
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
14
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
14
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist