Кепенци
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

мај 4, 2024
во Анфас
3 0

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола. Иако е на самиот крај на кандидатската листа на пратеници, се бори и ангажира како да е прв.

Зошто се нагласува дека овие Избори не се само обично гласање и туку и дека се исклучително важни за опстанокот на Македонија како држава?

– Ситуацијата во Република Македонија е хаотична. Факт е дека доколку сега не се направат квалитетни промени, дури и тој мал број кои останаа во нашата држава ќе го бараат излезот надвор од неа. Трансформација е потребна. Луѓето се трудат да избегнат политички и економски несигурности што се создаваат.

Демократскиот начин за избор на претставници во институциите е добро за да се продолжи со истото сценарио доколку постои задоволство, или пак да се направат промени доколку постои незадоволство.

Факт е дека во последните неколку години како држава изгубивме сѐ. По првиот круг од претседателските избори, се докажа и покажа дека во народот постои незадоволство од актуелната власт, што е доволен показател дека граѓаните во последните години се бореа за опстанок, каде здраво и нормално е да се направат промени во институциите со цел да се подобрат нештата.

Зборовите „млади” и „иднина” се едни од најчесто споменуваните во оваа кампања, од сите кандидати и за претседател и за пратеници. Зошто?

 – Сметам дека голем број од актуелните политички елити се свесни дека младите се целосно апатични, не сакаат воопшто да следат политика и да се вклучат во општествените иницијативи. Иднината е цел каде произлегува од младите. Доколку не изградиме добра средина за да ги задржиме младите во Република Македонија, не можеме да очекуваме да градиме квалитетна иднина.


Се надеваме дека сите тие претенденти за политичари се со искрени намери кога станува збор за младите. Факт е од некои чинители во минатото видовме колку се полни со жар и енергија кога говорат за младите за време на изборни процеси, а кога ќе дојде момент да го добијат тоа за кое се бореа, се добива впечаток како младите за кои говорат се само една обична PR кампања за изборен процес.


Со напредокот на технологијата и приватниот сектор, можностите на младите се зголемени и не си дозволува младиот човек повеќе да биде уценуван или понижуван од никого. Пораката што би сакал да допре до секој функционер или опозиционер е дека треба да се внимава кога се разговара со младиот човек и се даваат ветувања, бидејќи тие кои ги разочарале младите, неславно завршиле.

А зошто иднина? Зошто не сега, веднаш? Зарем младите немаат право на сегашноста? Зошто да мора да чекаат за утре?

 – Под иднина ние подразбираме да се започне со промени од денес, па се до идни генерации да може да продолжат по тој терк и да подобруваат. Ни треба возобновување на државата. Како држава нас ни се потребни реформи од корен во некои определени сектори. Цел систем ни е нефункционален.

Ние не можеме да правиме долгорочни планови. За да инвестираме во сопствен дом, треба да имаме стабилна работа. За да инвестираме во бизнис, треба да имаме стабилна економија. Руинираниот систем нѐ доведе до таа фаза каде не можеме да целиме за иднина поради нестабилност. Затоа иднината ни е од круцијално значење.

Каква е положбата на младите во општеството денес. Се чувствувате чи доволно прашани, консултирани, вклучени во процесите и политиките?

– Проблемот кај денешните млади е што се апатични. Не сакаат да земат учество во креирање на политики или општо да преземат општествена одговорност. Таа апатија може негативно да се одрази на долгорочен план.

Младите кои се активни во политичкиот и општествениот живот се консултирани или прашани, како и голем дел се вклучени во процесите и политиките. Но, проблемот е што се во мал број. Поради погоре споменатата апатија, голем процент не сакаат да бидат вклучени во процесите и во одредена мера овозможуваат постарите генерации да одлучуваат за нивните потреби.

Предлог кандидат си на кандидатската листа на ВМРО и Коалицијата, на тешко добитна позиција, кон крајот, но се чини, твојот ангажман и мотивираноста на твоите млади соработници се големи. На што се должи таквата мотивираност, во време кога младите ги бие глас дека се недоволно заинтересирани за процесите околу себе ?

– Ја имам таа голема чест како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола да бидам дел од листата на ВМРО-ДПМНЕ за пратеници, која ќе биде победничка листа за претстојните парламентарни избори.
Моите драги членови од Унијата на млади сили, на кои сум беспрекорно благодарен за огромната поддршка се двигателот на промените. Неуморно работат на терен во последните недели откако сме во кампања, за да ги развластиме ДУИ и СДС кои се најголемиот непријател за младите луѓе.

Во редовите на актуелната власт видна е корупцијата и криминалот, поради кој младите уназадуваат наместо да напредуваат. Сметам дека тоа е клучниот момент во кој младите од нашите редови добиваат уште поголем мотив за да се вклучат во оваа битка за трансформација на државата.

Често пати во настапите со почит го споменуваш своето семејство и твоите двајца браќа, кои ти се и реална поддршка на терен. Тоа е резултат на домашно воспитување, почит кон родителите и семејните вредности, доследност кон принципите на традицијата, лојалност кон каузата или сѐ заедно?

– Наша идеологија е демохристијанството, традиционалните вредности и љубовта кон татковината. Без нашите корени, не можеме да очекуваме да движиме напред.
Треба да се споменуваат уште почесто луѓето кои се до нас во тешките и убавите моменти.

Што мислиш, која е главната причина што расте бројот на млади луѓе кои заминуваат надвор, дел од нив и со карта во еден правец, со намера да останат во странство? И како потпрашање кое овде се наметнува – имаат ли желбите, мотивите, проблемите од кои очигледно се бега, етнички предзнак или се исти за сите?

– Еден период младите бегаа само поради економски причини. Сега не сакаат да живеат тие и нивните идни поколенија во ваков корумпиран систем. За да стигнете до документ кој ви е потребен, не можете без да го искористите телефонот и побарате неколку пријатели што работат во некоја институција да ви помогнат да ја завршите работата побрзо.

Сите имаме по некои познати кои не се во Македонија со нас, а добро ситуирани семејства, што е факт дека не заминуваат само поради економски причини, туку поради системски.

Нас ни е потребно подобро здравство, правосудство, образование, спорт, култура итн., каде со квалитетно водење на политиката и воспоставување на функционален систем, ќе се одрази позитивно за да се намали процентот на млади луѓе кои ја напуштаат државата.

Веруваш ли дека има надеж да се врати нарушената доверба кон институциите и кон целиот систем. Ако не е предоцна, како може да се врати довербата?

– Верувам. Со макотрпна работа, сѐ е возможно. Со квалитетно водење на политики во државата и правилни луѓе на соодветни места, може да се постигне и невозможното. Денешното време, со развојот на технологијата многу услуги во институциите може да се дигитализираат. Со тоа ќе се намалат редици во институциите, а граѓаните ќе ги добијат услугите побрзо.
Мора да се има надеж. Да се наградува квалитетниот, а да постои метод на санкции за неквалитетниот.

Каде се гледаш себе си за 10 години?

– Во Република Македонија, каде ќе работам маркетинг (графички дизајн) и ќе бидам активно вклучен во политичките и општествените процеси со цел да допринесам за подобри услови за живеење за сите граѓани во Република Македонија.

Порака до гласачите?

Да излезат во што поголем број за да го остварат своето гарантирано демократско право, особено по гласините за наводен бојкот од некои опоненти, многу е важна масовноста со која гласачите ќе го положат испитот по демократска зрелост и ќе пратат јасна порака дека им е доста од актуелната ненародна, недемократска и неспособна власт.

ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

УНЕСКО СО БАРАЊЕ ДО ОХРИД: ДА СЕ ДОСТАВИ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛОТ ВО „ГОРИЦА”

Следна вест

МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: ДА НАПРАВИМЕ ВИСТИНСКИ ИЗБОР МЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО

Поврзани ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот
Анфас

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

Од Editor
јануари 15, 2024
0
14

Интервју со професор Даниела Петровска и автор на книгата за деца и млади „Последниот Лист гитарист“ На 27.12.2023 година во...

Прочитај повеќе
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

мај 9, 2023
245
Следна вест
МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: ДА НАПРАВИМЕ ВИСТИНСКИ ИЗБОР МЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО

МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: ДА НАПРАВИМЕ ВИСТИНСКИ ИЗБОР МЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на ул. Прилепска во делот околу Пелагонка 1

Прекини со водоснабдувањето на ул. Прилепска во делот околу Пелагонка 1

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Прекини со водоснабдувањето на ул. Прилепска во делот околу Пелагонка 1

Прекини со водоснабдувањето на ул. Прилепска во делот околу Пелагонка 1

јули 6, 2025
Утре во битолско прекини со водоснабдувањето поради реконструкција на водоводна мрежа

Утре во битолско прекини со водоснабдувањето поради реконструкција на водоводна мрежа

јуни 19, 2025
Поврзување на АЗЦ ф350 – ЈКП Водовод Битола овозможи двонасочно водоснабдување

Поврзување на АЗЦ ф350 – ЈКП Водовод Битола овозможи двонасочно водоснабдување

јуни 15, 2025
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради технички зафат на ул. Бул.1 Мај и Цар Самоил

јуни 13, 2025

Скорешно

Прекини со водоснабдувањето на ул. Прилепска во делот околу Пелагонка 1

Прекини со водоснабдувањето на ул. Прилепска во делот околу Пелагонка 1

јули 6, 2025
14
Утре во битолско прекини со водоснабдувањето поради реконструкција на водоводна мрежа

Утре во битолско прекини со водоснабдувањето поради реконструкција на водоводна мрежа

јуни 19, 2025
14
Поврзување на АЗЦ ф350 – ЈКП Водовод Битола овозможи двонасочно водоснабдување

Поврзување на АЗЦ ф350 – ЈКП Водовод Битола овозможи двонасочно водоснабдување

јуни 15, 2025
14
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради технички зафат на ул. Бул.1 Мај и Цар Самоил

јуни 13, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist