Кепенци
сабота, јануари 31, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
„Back to black” – нов филм за Ејми Вајнхаус

„Back to black” – нов филм за Ејми Вајнхаус

јули 15, 2022
во Сцена
113 3

По двата обиди да се прикаже животот на култната Ејми Вајнхаус која кратката, но вртоглаво успешна музичка кариера ја заврши заедно со животот, со труење со алкохол во 2011 година, во најава е нов филм за Ејми, овој пат за првпат со поддршка на нејзиното семејство.

Семејството жолчно реагираше на обидот на Асиф Кападиа да го прикаже животот на Ејми преку истоимениот документарен филм во 2015. Иако филмот стигна до Оскарите семејството на Ејми никогаш не го прифати како вистинит, тврдејќи дека Ејми е прикажана како лоша и проблематична преку изнесување на толкувања на факти кои не се вистинити. Таткото на Ејми тогаш изјавуваше дека филмот е ужасен и дека ја злоупотребува трагедијата на неговата ќерка.

Втор, „попристоен” обид да го прикаже животот на Ејми, по повод 10 годишнината од нејзината смрт во 2021 направи БиБиСи, куќата во која таа како многу млада девојка дебитираше во живо и беше претставена како неоткриен извонреден музички талент.

Во 2015 година имаше и обид да се сними игран филм во режија на Кристен Шеридан, но од филмот не излезе ништо.

Овој пат таткото на Ејми, Мич Вајнхаус, уште од 2018 година е во постојан контакт со продуцентките Алисон Овен и Дебра Хајвард во обид да се смисли достоен начин со кој би се славел животот на Ејми, а вклучена е и Фондацијата со нејзиното име, која поддржува млади сиромашни талентирани уметници на патот кон успехот, но и обезбедува рехабилитација на млади кои имаат проблем со алкохолот.

Новиот филм кој носи работен наслов „Бек ту блек“, ќе го режира Сем Тејлор Џонсон, а очекувањата се ликот на Ејми да го толкува некоја млада непозната лондонска актерка без искуство, која допрва треба да биде откриена од лондонските улици.

Обожавателите на Ејми, но и познавачите на шоу бизнисот се сепак сомничави кон чесните намери на новиот проект, особено по најавата дека по филмот ќе следи холограмска светска турнеја на покојната Ејми, што упатува на правење пари, а не славење на пејачката, како главна цел на филмот.

Ознаки: amyfilmејмисценафилм
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Дали и што појадувате ?

Следна вест

Македонските млади математичари во врвот на светот

Поврзани ВЕСТИ

ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ПЕТМИНА КОИ ОНЛАЈН ИЗМАМИЛЕ ДВЕ ЖЕНИ ЗА 325.000 ДОЛАРИ ПРЕТСТАВУВАЈЌИ СЕ КАКО БРЕД ПИТ
Сцена

ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ПЕТМИНА КОИ ОНЛАЈН ИЗМАМИЛЕ ДВЕ ЖЕНИ ЗА 325.000 ДОЛАРИ ПРЕТСТАВУВАЈЌИ СЕ КАКО БРЕД ПИТ

Од Editor
септември 26, 2024
0
14

Шпанската полиција уапси пет лица кои се обвинети дека измамиле две жени за 325 илјади долари, откако онлајн објавиле слики...

Прочитај повеќе
ПО НАВОДИТЕ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ ПЕСНИТЕ НА ПИ ДИДИ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ СТРИМОВИ НА ПЛАТФОРМИТЕ ЗА СТРИМИНГ

ПО НАВОДИТЕ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ ПЕСНИТЕ НА ПИ ДИДИ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ СТРИМОВИ НА ПЛАТФОРМИТЕ ЗА СТРИМИНГ

септември 26, 2024
14
КИНО НА ОТВОРЕНО ВО ГОСТИВАР – ПРОЕКЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ИГРАН ФИЛМ „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“

КИНО НА ОТВОРЕНО ВО ГОСТИВАР – ПРОЕКЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ИГРАН ФИЛМ „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“

септември 5, 2024
14
Следна вест
Македонските млади математичари во врвот на светот

Македонските млади математичари во врвот на светот

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

Екипите на „Водовод“ Битола интервенираат во село Кравари

јануари 7, 2026
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Прекин на водоснабдување во делови од Битола во недела

декември 28, 2025
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

декември 16, 2025
Нормализирано водоснабдување по санираниот дефект на Булевар 1 Мај

Нормализирано водоснабдување по санираниот дефект на Булевар 1 Мај

ноември 25, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist