Долго време владее мислењето дека појадокот е најважниот оброк во денот, но со модерниот динамичен начин на живот, прашање е колку денес луѓето воопшто појадуваат.

Позната е поговорката – вечерата да му ја на непријателот, ручекот подели го со пријателите, а доручекот јади го сам, но во денешно време појадокот на многумина се сведува на кафе и цигара од нанога.

Во туризмот, пред да почне да се применува штедливиот, а секогаш привлечен модел на т.н. „шведска маса“ појадокот главно беше поделен на избор на англиски или континентален појадок.

Англискиот е обилен, и како основа секогаш комбинира пржени јајца (на око) со грав, задолжителна пржена сланина, колбаси и печено лепче со путер.

Додека во континенталниот (едно време со изразена француска доминација) задолжително има кроасан или некоја друга кифла, комбинирана со мармалад и мед.

Денес навиките се сменети, и во хотелското послужување, најчесто има шведска маса во која се искомбинирани состојки и јадења од речиси сите верзии на традиционални појадоци во светот.

Од оваа понудена листа на специфични појадоци по земји, се чини дека ние во Македонија порано сме јаделе слично на Турците, Американците и Германците, но во последно време повеќе наликуваме на Италијанци или Бразилци.

Сепак пржените лепчиња со јајца од кои, секогаш кога имаме време или некој да ни ги направи, не се откажуваме, нѐ прават најблиску до Французите, кои му наметнаа на светот таквите лепчиња да ги нарекува Француски.
На здравје !
