Кепенци
среда, април 15, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Битолчанката Рајна Алексова e првата аптекарка на Балканот

Битолчанката Рајна Алексова e првата аптекарка на Балканот

април 3, 2022
во бИднина, ЗЛАТЕН КЛУБ
53 1
Битолчанката Рајна Алексова e првата аптекарка на Балканот и ја отворила првата аптека во Битола
Родена 1882 -1959 во Битола.

По завршувањето на француската гимназија во Солун, таа помогната од својот постар брат Ристо Алексов, кој бил трговец и сопственик на првата аптека на ,,Широк Сокак,, во Битола, заминала со воз за Швајцарија каде во 1902 година се запишала на Фармацевскиот факултет и дипломирала после четири години во 1906 во Лозана, и станала првата Македонка дипломирана фармацевтка, воедно и прва жена фармацевтка на Балканот.
Таа со гордост се преставувала дека е Македонка. Во нејзината диплома издадена во 1906 г. од швајцарските универзитетски власти на француски јазик стои запишано дека Рајна Алексова по националност е Македонка. Тоа може да се види од копијата на дипломата која е иста на оргиналот со датум од 01.11.2018г. која ја имаат добиено наследниците по нивно барање.

Во потрага по дипломата од Лозана, семејството Даниловски и нејзиниот праправнук, стоматологот Горазд, синот на Нина, како единствени нејзини наследници бидејќи Рајна Алексова била омажена со Жика Кнез Милојковиќ од Белград, (но немала деца), се упатиле во Лозана и од универзитетската управа побарале копија од нејзината диплома.

Администрацијата на факултетот со швајцарска прецизност, по добивањето на барањето, само за неколку часа им издала копија иста на оригиналот, со датум 1.11.2018 год. додека оргиналната диплома се наоѓа во Софискиот музеј во Бугарија. Со љубовта кон учењето Рајна ги уривала бариерите и стереотипите во Османлиското царство.
Веднаш по дипломирањето Рајна Алексова сакала да отвори сопствена аптека. Меѓутоа, таа се судрила со тогашните турски закони кои не дозволувале жените да обавуваат апотекарска професија. Сепак, Рајна не се откажувала. Таа пратила писмо до Цариград и барала за добро на народот во Битола да ѝ се овозможи да отвори сопствена аптека.
Додека чекала дозвола од турските власти да почне да работи како апотекарка, Рајна почнала да работи како милосрдна сестра во Ќустендил. Во јуни 1907 таа била испратена во бугарската болница „Евлоги Георгиев“ во Цариград. Рајна по извесно време ја напуштила болницата и од февруари 1908 година работела како учителка по хемија во женската гимназија во Едрене.
Со промените по Младотурската револуција, Рајна Алексова добила дозвола да работи како аптекарка од 1909 г., и таа веќе работи во аптеката кај својот брат трговецот Ристо Алексов.

По Првата светска војна, во 1919 год. била испратена комисија од тогашното Министерство за народно здравје на Кралството на СХС за да ги провери условите за работа во сите аптеки. Најпрво ја посетила аптеката на Рајна Алексова, која била најпопуларна во градот. И покрај тоа што најдобро работела во Битола, аптеката на Македонката Рајна Алексова била парично казнета со 30 динари и комисијата побарала Рајна да ја достави својата оригинална диплома за завршен факултет, која, пак, бугарскиот окупатор при повлекувањето од Битола ја однел со другата архива во Бугарија. Рајна добила дупликат диплома од факултетот во Лозана, која била судски заверена како точно иста на оригиналот, на 14.12.1919 година. И, така, Рајна ја продолжила својата работа во аптеката до своето пензионирање во 1944 година.

Аптеката била национализирана и станала државна аптека.
Рајна Алексова водела работни аптекарски дневници. Нејзините дневници со рецепти се од француско потекло, уредно заверени на првата страница и пишувани на француски јазик. Денес тие се чуваат во историскиот архив во Битола, како „Фонд на аптеката на Рајна Алексова“.
За жал, Рајна Алексова животот го завршува трагично. На 23 февруари 1959г, луѓето што кај неа живееле како потстанари, ја задушиле и со себе однеле пари и сѐ што било вредно во нејзината убава и голема семејна куќа. Така, на 79-годишна возраст трагично го завршува својот плоден живот. И уште еднаш ја потврдува есенцијата – „со текот на вековите исчезнуваат земните нешта, а остануваат безвременските значења“.

Почетокот на 20век Рајна Алексова го означува и му дава белег, а како непобитен историско-научен факт би требало да ја читаме во учебниците како пионерка на фармацијата во Македонија и на Балканот. Во 2016 година постхумно е прогласена за една од најзначајните жени во историјата на Битола и во Македонија.

(извори: Музеј на град Скопје 2009)
Ознаки: биднинабитоларајна
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Махатма Ганди за простувањето

Следна вест

За душата и космосот

Поврзани ВЕСТИ

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА
бИднина

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

Од Editor
април 18, 2025
0
14

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ со Славчо Ковилоски Гостин: проф. д-р СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА Тема: СОВЕТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК https://www.youtube.com/watch?v=hdrE7328Enc&lc=Ugy1mqU3eHtoQiyS0ih4AaABAg

Прочитај повеќе
АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА СВЕДОЦИ НА МИСТЕРИОЗНИ ЗВУЦИ?

АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА СВЕДОЦИ НА МИСТЕРИОЗНИ ЗВУЦИ?

септември 4, 2024
14
АванТуризам – Хајдар Кади џамија во Битола (видео)

АванТуризам – Хајдар Кади џамија во Битола (видео)

септември 3, 2024
14
Следна вест
За душата и космосот

За душата и космосот

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist