Со девет златни, седум сребрени и шест бронзени медали, како и второпласираната екипа во категоријата Џиуџицу и Граплинг, битолскиот клуб Нинџуцу се враќа во Македонија.
На есенскиот турнир во Бугарија боите на клубот Нинџуцу од Македонија ги бранаа пет искусни борци, на тројца од нив им беше првиот настап и пет борци со втор турнир.
Од клубот најавија исто така дека продолжуваат со активна работа и дека се во преговори за настапувања во Германија за MMA борби.