Турската ѕвезда Ебру Шахин, на македонската публика позната во улогата на Рејхан во серијата „Дива” го кажа судбоносното – ДА во татковината и родното место на нејзиниот избраник, НБА кошаркарската ѕвезда Џеди Осман на брегот на најстарото езеро во Европа.
Ебру со задоволство ја исполни желбата на својот сопруг познат по неговите јавни демонстрации на големата приврзеност и љубов кон Македонија и родниот град Охрид.
Џеди Осман кој е роден охриѓанец, иако добар дел од животот помина во Босна, Турција и Америка сепак остана верен на Македонија која секаде и во секоја прилика ја нагласува како своја Татковина.
Во 2019 Џеди го привлече вниманието со уникатните патики со турско и македонско знаме со кои играше во НБА натпреварите. Џеди со задоволство се сеќава на детството во Македонија, но и на уличниот баскет во Битола на игралиштето во економското училиште и на ракометно додека како дете често престојувал кај своите роднини во Битола.
Свадбата во Охрид на брод среде езеро привлече големо внимание и во македонската и во турската јавност, а веселбата помина со неизоставните охридски чалгии и ендемичните специјалитети од риба.
Турските медиуми јавуваат за неизмерната среќа на младенците која не може а да не се забележи на сите објавени фотографии.
Instagram will load in the frontend.
Instagram will load in the frontend.