Нови меѓусебни западно-руски обвинувања во Советот за безбедност на ОН, по извештаите и проценките дека на земјите од третиот свет им се заканува глад поради недостиг од брашно и масло, а во Јемен, Авганистан и некои африкански држави, состојбата веќе се оценува како алармантна.
Американскиот амбасадор во ООН одговорноста за престојната светска криза со храна ја лоцираше лично, кај рускиот претседател Владимир Путин. Францускиот амбасадор беше поумерен во обвинувањата, но сепак ја нагласи руската интевенција во Украина како причина за кризата.
За рускиот амбасадор во Обединетите нации пак, причина за големите светски нарушувања во снабдувањето со храна е, како што рече – меѓународната хистерија на воведување неразумни санкции кон Русија.
Украина и Русија зафаќаат 30% од вкупниот глобален извоз на пченица, 20% од пченката и 75% од производството на сончогледово масло.