Репрезентацијата на Македонија во фудбал до 21 година од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир во Хрватска на кој ќе учествуваат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.
Првиот натпревар против репрезентацијата на Албанија е на 23 септември, а на 26 ќе играат со победникот од натпреварот на селекциите на Хрватска и Саудиска Арабија. Репрезентацијата на Македонија до 21 година по летната пауза, за првпат ќе се состане на 18 септември.