НАСА објави над 12 илјади фотографии направени за време на мисијата „Артемис 2“, нудејќи редок увид во патувањето околу Месечината. Станува збор за први вакви снимки од астронаути надвор од ниската Земјина орбита по повеќе од пет децении. Фотографиите прикажуваат спектакуларни погледи кон Земјата, внатрешноста на капсулата „Орион“, како и уникатни кадри од Месечината и нејзината далечна страна. Дел од нив биле испратени за време на мисијата, но најголемиот дел е преземен по враќањето на екипажот на Земјата. Мисијата траеше десет дена, а астронаутите сведочеле и на затемнување на Сонцето, набљудувајќи ја неговата корона. Воедно, тие се оддалечиле од Земјата на рекордни над 406 илјади километри, најмногу досега за човечка мисија.

Доколку сакате да ги видите сите фотографии на линкот
https://eol.jsc.nasa.gov/SearchPhotos/ShowQueryResults-TextTable.pl?results=1778075156124602
















