Кепенци
четврток, ноември 6, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Пекинезер – Мал сопатник на човекот

Пекинезер – Мал сопатник на човекот

февруари 8, 2023
во КАЖИ!
65 1

Пекинезерите припаѓаат на најстарата, кралска раса на кучиња од Кина. Поточно – од Пекинг. На обичниот граѓанин му било забрането да има пекинезер. Тие се сметаат за едни од најмалите кучиња, но ги бие глас дека се своеглави. Не сакаат нови луѓе и се премногу територијални. Човек треба многу да се труди за да ја стекне нивната доверба. Затоа, некои луѓе велат дека се лоши и само лаат, а на некои тоа им е смешно и воопшто не им пречи таквиот карактер. Па, секој си е посебен на свој начин, нели?

Пекинезерите не треба да се носат на многу долги прошетки поради тоа што се мали и немаат толку енергија, но и поради тоа што лицето им е “сплескано” и не можат правилно да дишат ако се изложени на напор. Достигнуваат тежина до 5-6 килограми, а висина до 15-20 центиметри. Пекинезерот има “горд” изглед и многу крзно! Затоа, ако сакате да чувате пекинезер, купете и чешел за него и чешлајте го секој ден, бидејќи крзното им паѓа постојано. Мене ме зачуди колку “штета” може да направи едно толку мало куче.

Иако не стекнуваат доверба лесно, многу се приврзуваат за сопственикот и го почитуваат. Многу му се верни и се послушни. Но, пазете да не ги оставите сами со мали деца. Можат да покажат агресија, бидејќи немаат трпение за детски игри. Тоа им влева немир и анксиозност и затоа знаат бурно да изреагираат. Пекинезерот е многу независно и самоуверено куче и очекува кралски третман – од секој, па и од сопственикот. Затоа е многу важно да се почне со тренирање од  многу мала возраст, за да се избегне барем малку од тврдоглавоста.

Непријателски се настроени како кон луѓето – така и кон другите животни. Ако некое поголемо куче го нападне, пекинезерот ќе се брани (и ќе го брани сопственикот) па макар и да си го ризикува животот. Секогаш сум се прашувала зошто полицијата не ги користи пекинезерите. Хаха. Пекинезерот ќе ви стане или најдобар другар – или смртен непријател.

Иако имаат крзно кое им ја регулира телесната температура, не е лошо и да се потстрижуваат во летниот период. Секогаш дотурајте им вода – особено во лето. Кучињата не потат како нас – потат преку перничињата на нозете. Исто така и легнуваат на стомак на ладна површина и забрзано вдишуваат и издишуваат.  Проверувајте им го крзното кај нозете после секое шетање бидејќи се ниски и може да им се закачат тревки, а и други работи кои би ја иритирале нивната кожа.

Кога станува збор за здравјето: Пекинезерите имаат проблеми со дигестивниот систем, така што се многу чести компликациите со столицата. Ветеринарите советуваат да се избегнува давањето на коски бидејќи не можат убаво да ги сварат. Во подоцнежни години, можат да имаат проблеми со срцето и бубрезите. Исто така, треба многу да се внимава на денталното здравје. Покрај сето ова, обично живеат до 12-13, а некои и до 15 години.

Се на се, прекинезерот е мошне добар миленик ако можете да ги занемарите неговите непријатни страни. Со правилен тренинг (не само физички) може да се постигнат зачудувачки резултати. Само, еден совет: Не му викајте! Голема е веројатноста дека не само што нема да послуша, туку и ќе ве замрази. И не го хранете премногу. Пекинезерот е лаком и многу лесно можете да помислите дека уште му се јаде! Половина до една чашка два пати денот е сосем доволно.

И нешто многу важно: Ценете го времето поминато со вашиот миленик и грижете се колку што можете најдобро. Вие сте му целиот живот; љубовта е обострана, така што – сакајте го дури можете. 10 години брзо ќе поминат, а замена нема да можете да најдете – а нема ни да сакате.

Автор Маја Јанушева
Ознаки: кажикучемаче
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Како со смеа да се помогне во трагедија – Хуманитарен стенд-ап на Џи Вижн и Виктори

Следна вест

Ние еве заминуваме – Јунус Емре

Поврзани ВЕСТИ

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина
КАЖИ!

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина

Од Editor
мај 31, 2025
0
14

По три години посветена работа, ЕКТЕР – Битола со гордост објавува дека нашата едукативна кампања за намалување на пушењето „Кажи...

Прочитај повеќе
Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

мај 14, 2025
14
АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

септември 30, 2024
14
Следна вест
Ние еве заминуваме – Јунус Емре

Ние еве заминуваме - Јунус Емре

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist